Од:

Хотелот се изместил за десет метри од лавината

Хотелот  „Пригопјано“ во местото Фирнадола на планината Гран Сасо во централна Италија врз кој се урна лавина од снег се изместил за десет метри, изјави денеска префектот на провинцијата Пескара, Францчесо Проволо. Италијанските медиуми јавуваат дека меѓу триесетината исчезнати во хотелот има и неколку деца. Засега спасувачките екипи не наишле на преживеани. 

 „ Многу сум внимателен во оцената на ситуацијата, но првите фотографии укажуваат дека лавината го влечела објектот неколку метри“, рече Проволо.

Тој нагалси дека  три од четирите ката од хотелот се распаднати.

Според најновите податоци на локалните власти, во времето на несреќата во објектот имало 20 гости и осум вработени. Како што јавиле првите спасувачи кои успеале да дојдат  до хотелот, не се слушале никакви звуци, гласови или друг знаци на живот од под снегот.

„Не можевме да сториме многу. Структурата на хотелот се урнала. Речиси целосно е урнат. Викавме, но не слушнавме гласови. Копаме и натаму и бараме“, изјави Антонио Крочета, припадник на горската служба за спасување.

Возилата на итната помош не можат да поминат поради снежните наноси, а најблиското село Фирандола, е оддалечено девет километри од хотелот. Началникот на селото Иларио Лекета вели дела лавината била огромна.

Го однесе целиот хотел со себе“, рече Лекета.

Спасувачките екипи имаат големи проблеми со механизацијата бидејќи снегот на планинскиот венец Гран Сасо на некои места е висок и до пет метри. Во раните попладневни часови тешката механизација се наоѓа на околу километар од местото на несреќата и расчистувањето уште се одвива рачно , а досега е пронајдено телото на една жртва.

Изутрина се пронајдени две настрадани лица. Мажите биле на улица и се сокриле во автомобили. Едниот од нив имал големи смрзнатини. Според изјавата на вториот, во хотелот останале неговата жена и децата.

„Жив сум бидејќи отидов по некои работи во автомобилот“, изјави за медиумите Џампјеро Парете, но во хотелот останале неговата сопруга и децата.

Причина за лавината се четирите силни земјотреси со магнитуди меѓу 5,1 и 5,4 степени кои вчера ја погодија централна Италија. Хотелот  е оддалечен 90 километри од епицентарот на потресите во Монтереале, селце близу Аматриче кој беше уништен во разорниот земјотрес од август минатата година.