Од:

Хрватска ја забрани својата музика во Македонија

Хрватска забрани користење на нивната музика во Македонија. Одлуката била донесена на седница на Управниот одбор на организацијата ХДС- ЗАМП, каде е одлучено да се забрани користење на нивниот музички репертоар на сите радио и телевизиски станици на територија на Македонија. Оваа забрана стапува на сила веднаш. ЗАМП Македонија како организација која е овластена да ги превземе сите потребни мерки за спроведување на забраната и заштитата на правата на членовите на ХДС- ЗАМП, а врз основа на склучените мегусебни договори за реципроцитет, известува дека забраната почнува од 17.10.2016 година.

„Ги следиме настаните во Вашата земја и би сакале да ја изразиме нашата загриженост во однос на тоа дека континуитетот на авторската заштита во Македонија е ставен во ризик, со штетни последици врз авторската заштита и на штета на вредноста на музичките дела на сите автори, домашни и странски“, се вели во ХДС-ЗАМП.

Со ова го овластуваме ЗАМП Македонија да ги превземе сите мерки кои се потребни за спроведувањето на повлекувањето на репертоарот на ХДС, како и за заштитата на интересите на членовите на ХДС кои ги застапуваат во Македонија, стои во известувањето.