Од:

Хуманитарна аукциска вечер за децата чии родители употребувале дроги

На 11 април, вторник, во 19 часот во Јавна соба ќе се мрда со прст и ќе се организира хуманитарна аукциска вечер со познати уметнички имиња за дечињата чии родители се корисници на дроги и сексуални работници.

„Како недостиг на финансии имаме потреба да мрдаме со прст и да направиме нови акции за да можат нашите дечиња да продолжат да доаѓаат во дневниот центар за рехабилитација и ресоцијализација на ХОПС, каде ќе продолжат да разговараат со својот психолог, да работат со својот педагог, ќе комуницираат со социјалните работници, ќе изработуваат креативни изработки, ќе го развиваат својот креативен ум, а воедно ќе им овозможиме повеќе социјални активности и  посети на културни настани. Ова ни беше мотивација да се организираме и исконтактираме луѓе кои би сакале да ни помогнат и за наша среќа многу уметнички и уметници прифатија“, вели Ирена Мила од ХОПС.

ПРОЦЕС: Гласот на децата на поранешни корисници на дрога

Граѓанската иницијатива Мрдни со прст заедно со ХОПС ја организира аукциска вечер, кога Цако ќе се појави во улога на DJ за да ја загрее атмосферата со својата плеј листа.

Во 20 часот започнува аукцијата која ќе ја води актерот Сашко Коцев.

Уметниците кои што се вклучија во хуманитарната акција се: Ване Костуранов, Зоран Кардула, Индог, Тони Попов, Вања и Катја Штркова, Ирина Тошева, Иван Петрушевски (Флим), Јана Јакимовска, Ненад Тонкин, Ана Бунтевска, Влатко Деков, Нора, Ани Би, Елена Фиданска, Ерина Богоева, Дејан Бошковски, Dreadpen, Ем Елепфантски, Лилика Стрезовска, Дороти Пачкова, Скопско астрономско друштво, Мартин Стојановски, Гордана Вренцоска, Александар Наумчевски, Симона, Анастасија Величковска, Лидија Колега, Соња Манџук, Васко Серафимов, Марија Трпеска, Тихомир Јанчовски, Александар Р, Ирена Мила, Никола Пијаманов, Крсте Анастас Глигорјадис и Галерија Анагор, Маноли Динковски, Верица Пиперевска, Љупчо Бојаров, Alex Pette, Коста Клифов.

По аукцијата ќе следи забава со DJ Goce SAF.