Од:

Хуманитарната акција за 11-годишниот Димитар Несторовски

Денес на 13-ти март 2014 година со почеток во 20 часот во арт кафе „Концепт37“ во Скопје ќе биде отворена изложба со дела на истакнатиот сликар Живко Поповски – Цветин. Авторот донира околу 50-тина слики во поддршка на хуманитарната акција за 11-годишниот Димитар Несторовски, кој боледува од прогресивна мускулна дистрофија -Дишен (Dystrophio musculorum progresiva DMD).

Лекувањето на Диме во Медицинскиот центар за матични клетки “By” во Пекинг овозможува да се спречи натамошна прогресија на болеста, а четири неделниот третман за операција, имплантација на матичните клетки и физотерапија чини 40.000 долари.

Оваа изложба всушност е повик до сите хумани луѓе преку купување на уметнички
дела и донирање на средства да помогнат за ова дете да има успешна операција и да
може да ужива среќно детство.

Изложбата ќе биде отворена од 13-ти до 21-ви март.

Во меѓувреме, секој граѓанин може да се вклучи во акцијата покрената од страна на ОУ
Вера Циривири Трена – Скопје и да донира на следните броеви: VIP: 077 143-704; ONE:
075 143-666; T-Мобиле: 070 143-117 или на жиро сметката во НЛБ Тутунска банка –
210700000613176 (трансакциска сметка), Димитар Несторовски-за донација (цел на
дознака).