Од:

Хуманост: Да му помогнеме сите заедно на Томче Костадиноски

Училиштето е посебно место за 14 годишниот Томче Костадиноски од тетовско Долно Седларце. Без разлика на временските услови ова момче сака да биде меѓу своите соученици и да го открива светот на науката и знаењето. Но додека неговите другарчиња се на часот по физичка култура во спортската сала, Томче е во својата количка за движење и заедно со едно другарче во училницата стрпливо чека на новиот час. Томче боледува од Душенова мускулна атрофија, а болеста му била дијагностицирана кога тој имал околу 6 години. Симптомите кои се јавувале кај малото момче не навестувале дека ќе боледува од тешка болест.

Медицинскиот центар за матични клетки “Ву” во Пекинг овозможува лекување на болестта Душенова мускулна атрофија, а четири неделниот третман за операција, имплантација на матични клетки, физотерапија, медицински услуги, пат и сместување чини 45.000 долари. Костадиновски апелираат до сите хумани луѓе, да помогнат за посветла иднина на нивниот син.

Да му помогнеме на младото момче со несебична хуманост. Сите уплати можат да се направат на жиро сметката на Тутунска Банка 2107000006116-24, со назнака за лекување на Томче Костадиноски.“

„Број на донации од Вип е: 077 143 706