Од:

И ја сошиле вагината со дебелото црево, болницата не дава оштета

Цената од една лекарска грешка се уште ја плаќа Јасминка Велкоска. За прв пат по три години таа јавно проговори за тоа како докторката и странскиот обучувач ангажиран од Тодоров, направија катастрофална грешка. Наместо да и го отстранат карциномот, дебелото црево и било зашиено за вагината.

Докторката од болницата „8 Септември“ е осудена на 3 месеци условна казна за кривично дело Тешки дела против здравјето на луѓето. Адвокатите на болницата и на Велковска се договориле спогодбено да и се исплати оштета од 30 000 евра. Но, болницата не ја исплаќа оштетата.

НОВА повеќе пати се обиде да разговара со директорот на болницата Сашо Стојчев. Контактот беше остварен по завршување на снимањето на емисијата ПРОЦЕС. Неговиот став е дека болницата не бега од одговорност, но не можат да ја исплатат оштета бидејќи сумата ја нема во судската пресуда. Сумата од 30 000 евра која била договорена спогодбено не ја покрива во целост осигурителната компанија, односно може да исплати 20 000 евра. Останатите 10 000 евра, нема како да ги исплатиме бидејќи немаме документ за покритие, тврди Стојчев.

„ Докторката е осудена условно на три месеца и таа со самото тоа што ја потпишала спогодбата ја признава вината. Проблемот е во тоа што останатите 10 000 евра кои не ги покрива компанијата нема како да ги исплатиме, нема документ односно во судската пресуда не ја пишува сумата која што треба да се исплати. Жената е оштетена но, нема документ за да може да ја исплатиме таа сума“, изјави Сашо Стојчев директор на болницата „ 8 Септември“.

Докторката Гордана Божиновска не беше достапна да одговори дали чувствува вина и зошто не ја преземе одговорноста да го исплати остатокот од сумата на оштетената пациентка. Семејството најавува тужба доколку не ја исплатат оштетата.



Comments are closed.