Од:

Илјадници граѓани на Маршот на слободата

Илјадници граѓани се придружија на маршот за одбележување на  Денот на востанието„ 11 Октомври“ под мотото „Борбата продолжува, гласот  победува“.  Граѓаните со развиорени знамиња се движат во групи, отако претходно се собраа пред просториите на СЈО на „Рузвелтова“, каде што изразија поддршка на оваа институција. На чело на колоната е лидерот на СДСМ Зоран Заев, поранешниот директор на УБК Зоран Верушевски, членови на опозицијата, активисти, уметници.

zaev-_o

Илјадниците граѓани во моментов се движат по булеварот „Партизански одреди“ кон  Собранието  каде што ќе има говори на лидерот на СДСМ, јавни личности од кутурата и политичкиот живот.

slika-2-_o

„Ние, Зоран Заев, Вера Бунтеска, Томче Кежаровски, Златко Ориѓански, Ирена Ристиќ, Бени Шакири, Влатко Васиљ, Атанас Костовски, ве повикуваме преку Граѓански марш, на 11 октомври, сите заедно да се огласиме со силна слободарска порака.

slika-3o

Ние граѓаните склучивме сојуз. Си го враќаме животот! Ја враќаме слободата! Маршираме против сиромаштијата, за повисоки плати, за работни места, за правда.
Маршираме за граѓанскиот глас.
Нашето оружје денес е гласот! ДА за живот во Македонија, НЕ за режимот, се вели во пораката на организаторот на маршот.

slika-protetso