15-09-2014 

Страницата на
НОВАконтакт

Секс афера: Словачкиот премиерот ја бакнува секретарката

од НОВА | објавено на: 30-08-2013 16:30:31

Секс афера ја тресе Словачка објавени се фотографии на кои премиерот Роберт Фицо е уловен од папараците како ја бакнува својата секретарка Јана Халацова.

Словачкиот неделник „Плус 7 дена“ објави фотографија од 21 август на која 49 – годишниот Фицо, со својот автомобил БМВ, без обезбедување ја испратил до дома својата секретарка Јана Халацова, каде се збогувале со бакнеж.

„Страстниот премиер: Фицо во автомобил се бакнуваше со секретарката!”, напиша неделникот додавајќи дека претходно наводната двојка минала четири часа во замок каде има луксузен ресторан и соби за престој на гостите.

За премиерот случајот е „смешен“, бидејќи на вечерата присуствувале и други четири лица кои заминале во исто време.

Тој со Халацова соработувал од времето кога како лидер на опозицијата бил на чело на левоориентираната Социјалдемократска партијата СМЕР.

Фицо е оженет со Светлана, која е правник и со неа има еден син.

Останатo од НОВА