18-12-2014 

Страницата на
НОВАконтакт

Груевски: Опозицијата избрзано ја осуди акцијата на МВР

од НОВА | објавено на: 20-09-2013 15:17:28

Опозицијата избрзано реагираше на приведувањата во акциите на МВР „Шпион“ и „Диригент 2“ и на прес-конференција ги прогласи за политички и партиски уште пред да биде соoпштено кои се причините за апсењата, оцени премиерот Никола Груевски.

- Во иднина опозицијата треба добро да се пресмета пред да излезе со квалификации и прво да чуе барем за што се работи, а потоа да размисли дали треба да се реагира или не. Во овој случај уште немаше прес-конференција на МВР да објасни за акцијата, а тие веќе излегоа со осуда на акцијата. Значи, не знаат што осудуваат, не виделе кој и зошто е приведен во полиција, документи, што се случило. Нивните адвокати овојпат беа многу воздржани, а скоро секогаш адвокатите жестоко ги бранат своите клиенти. Адвокатите беа воздражни, а опозицијата на невидено излезе да ги брани, изјави Груевски одговарајќи на новинарски прашања по пуштањето во употреба лабораторија на Филолошкиот факултет.

Тој нагласи дека како политичка партија и како Влада имаат јасно деклариран став дека борбата против криминалот и корупцијата ќе ја водат силно, бескомпромисно и неселективно и оти во тој правец била и неодамнешната акција на МВР и Обвинителството.

Останатo од НОВА