31-03-2015 

(ГАЛЕРИЈА)Бурна ноќ во Ѓорче Петров – што се случуваше вечерва

од Сашка Цветковска, НОВА | објавено на: 21-05-2014 00:56:57

18:00
толпата се собира во близина на црквата и продолжува да маршира по главната улица долж Ѓорче Петров

Забележливо е присуство на малолетници

18:30
Маршираат кон домот на починатото момче Ангел каде што палат свеќи на оградата



19:00
Толпата почнува да се движи кон мостот кон населбата Сарај. Луѓе попат им се придржуваат во се поголем број. Пред мостот ги пречекува полиција и ги спречува да тргнат кон мостот




20:00
Толпата навидум е разбиена. Поголемиот дел од специјалните единици го напуштаат местото. Веќе во 20:30 почнуваат нови немири и судири од другата страна на Ѓорче Петров кај трговскиот центар „Планет“. Судирите се случуваат на повеќе места долж улицата.
Судир – полицијата со т.н. флеш бомби се обидува да ја растера толпата

Граѓанин држи во рака флеш бомба која останала на улицата по фрлањето

Специјалци во кордони среде судир




Граѓани од другата настрана во расправија со полицијата. Жителите во текот на ноќта се расправаа со полицијата и обвинија за насилство врз приведените, како и за негрижа кон населението на Ѓорче Петров. Загрижени родители си ги бараа децата стравувајќи дека се во толпата.

21:00
Полицијата приведува. По овие фотографии полицајци насилно ги бриеша материјалите на репортерите на НОВА, Фокус и Радио Слободна Европа. НОВА успеа да ги сочува фотографиите, но не и видео материјалите кои полицаец ги избриша.



21:30
Полицијата почнува да ги растерува насобраните, по што и самата почнува да се повлекува од главната улица.

Соседи набљудуваат од прозор

21:45
На влезот во Ѓорче Петров се појавува возило на пожарната. Возилото набргу се враќа назад. Толпа дивее кај казиното Сенатор чиј што инвентар се вади и се фрла во дузина запалени контенјери. Толпата го спречува возилото на пожарната. Полицијата е на 200 метри од настанот, но во многу мал број. Интервенција нема речиси половина час.
Возилото на пожарната пред влезот

Полиција пристигнува кај казиното Сенатаро. Судир со демонстрантите


Некаде кон 11 часот вечерта полицијата ја разби толпата. Во Ѓорче Петров засега е мирно, иако улицата останува затворена, а полицијата е присутна во огромен број.
По улиците остануваат да лежат безброј превртени и запалени контејнери


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на НОВА.

Останато од Актуел

Бушава азбука на „режимски“ начин

А - како „Ало Миле“, „Ало началниче“, Б - будалетинки... Е -како ендек, Л - како лудаци... Вака актерите Ана Костовска, Ирена Ристиќ, Синоличка Трпкова и Петар Арсовски, членови на култната детска програма „Бушава азбука“ денеска пред македонската радиотелевизија ја изрецитираа азбуката во поинакво издание, нарекувајќи ја „Азбука на режимот“

прочитај повеќе

Нафтата била виновна што Македонија плаќа дупло поскапо од Србија за патишта

Макрадули обвини дека Македонија плаќа дупло повеќе од Србија за звтопатиштата. Јанакиевски тврди дека разликата во цената е поради зголемената цена на нафтата. Во продолжение транскрипт од собраниската седница на оваа тема.

прочитај повеќе

ИНТЕГРАЛНО ВИДЕО од прес-конференцијата на Зоран Заев за Бомба 14

НОВА ТВ интегрално ви ја пренесува „БОМБА 14“ на опозицијата, во која објавени се прислушувани разговори во кои владини функционери зборуваат за коруптивен скандал во изградба на автопати, притисоци за да се стави барокна фасада врз зградата на ЕВН и Сити Галери, како и местење на тендер за директорот на РЕК „Битола“ - Владо Чингоски

прочитај повеќе

Волонтерите стравуваат дека наместо нив ќе се вработуваат партиски кадри

За волонтерите кои работат по 10, 15 години, индикативно е што се бараат и луѓе кои работеле најмалку 3 месеци во институциите. Токму овој момент за волонтерите е спорен и тие стравуваат од нови партиски вработувања во државните институции

прочитај повеќе

ВИДЕО:Иницијативата на генералот Ангелов доби поддршка од новинарите

Поголема група на новинари вчера пред зградата на МРТВ даде поддршка на инцијативата на генералот Стојанче Ангелов. На собирот му се придружи и поранешниот директор на МТВ, професор Благоја Иванов. Од вчерашниот собоир пред МРТВ беше упатен и апел до совеста на интелектуалците во Македонија

прочитај повеќе

ВИДЕО:Прес конференција на Зоран Заев за Бомба 13

НОВА ви ја пренесува прес конференцијата на лидерот на СДСМ Зоран Заев на која ја објави и 13-та т.н „бомба“ во која се слушнаа шест телефонски разговори меѓу Груевски и Јанакиевски во кои како што рече, може да се слушне како се договора големината на парцелите на Водно и нивното тргување

прочитај повеќе

ТРАНСКРИПТИ и АУДИО: Бомба 13 за плацот на Груевски на Водно и за Космос

Ви ги презентираме сите разговори од Бомбата 13, кои ги објави на прес-конференцијата лидерот на СДСМ, Зоран Заев

прочитај повеќе

(ВИДЕО) Протест на наставниците пред МОН: „Вратете ни го достоинството!“

Тие до ресорното министерство доставија опсежна анализа за што се не чини во образованието и како треба низ примери од странска пракса, со надеж дека надлежните ќе ја прифатат сугестијата и дека наставниците ќе бидат повикани на дебата

прочитај повеќе

(Хронологија на протестот) Граѓанско будење за ослободување на МТВ

Околу петстотина граѓани денеска на пладне се одзваа на повикот на генерал Стојанче Ангелов за ненасилен упад во МТВ и пред телевизијата побараа нејзино ослободување од, како што тие велат прангите на власта. На разглас се пуштаа политички бомби, говор одржаа јавни личности, а кулминација се случи кога сите жени присутни на настанот извршија упад со љубов вo телевизијата

прочитај повеќе

„Ексико“, Камчев и Панделески влегоа во „Здравје Радово“

Познатата „офшорка“ „Ексико“ и бизнисмените Јордан Камчев, Цветан Панделески влегоа во сопствеништвото на една од најголемите фабрики за млеко и за млечни производи „Здравје Радово“, покажуваат денешните податоци од Централниот регистар

прочитај повеќе

Интегрално АУДИО и ТРАНСКРИПТИ: Бомба 12 за судството

Ви ги презентираме сите разговори од Бомбата 12, кои ги објави на прес-конференцијата лидерот на СДСМ, Зоран Заев

прочитај повеќе

Актерите од култната „Бушава азбука“ го поддржаа Ангелов пред МРТВ

Актерите Петар Арсовски, Синоличка Трпкова, Ана Костова и Софија Куновска кои работеа на култниот проект „Бушава Азбука“ вечерва пред македонската радиотелевизија му дадоа поддршка на генерал Стојанче Ангелов на собирот со кој се бара ослободување на телевизијата од, како што вели Ангелов - канџите на власта

прочитај повеќе

(Аудио и транскрипт) Бомба 11 - СДСМ: 19 снимки за изборниот грабеж во Струмица

На денешната прес-конференција во Струмица СДСМ презентираше 19 снимки поврзани со, како што велат, изборниот грабеж во Струмица. Партијата презентираше разговори меѓу премиерот Никола Груевски и пратеничката Силвана Бонева, Јанакиески и тогашиот претседател на Врховниот суд, Јово Вангеловски за случајот „Глобал“.

прочитај повеќе

Ангелов: Ако Зврлевски сам не поднесе оставка, ќе го тргнеме со јавен притисок

-Ние шириме љубов, а не омраза. Ќе го тргнеме Зврлевски со јавен притисок. Благодарение на вас медиумите, благодарени на луѓето што даваат поддршка колку и да се. Со континуирани притисоци ќе ја оствариме нашата цел.Насилство исклучувам, рече Агелов на денешниот прес пред Обвинителство

прочитај повеќе

Заклучиле врата од училиште во Кавадарци, за учениците да не излезат на протест

Влезната врата од средното индустриско училиште Киро Спанџов – Брко од Кавадарци минатата среда била заклучена за време на средношколски марш, се со цел учениците да не се појават на организираниот марш против екстерното тестирање, тврдат за Нова од Средношколски одбор - Кавадарци

прочитај повеќе

ХРТ: Македонија помеѓу демократија и автократија

„Македонија инаку е на 69. место во светот според индексот на корупција, а на 116. по слободата на медиумите и влегува во многу неизвесен период. Скандалот со прислушување ја прави ситуацијата уште полоша на внатрешен план, а нерешеното прашање на името со Грција на надворешен.“ Ова е дел од прилогот на новинарот Золтан Кабок од хрватската радиотелевизија, кој во Македонија ја истражувал аферата со прислушување, како и останатите проблеми во земјава

прочитај повеќе

Груевски отфрли дел од барањата на Заев, најави инвестициски поход во Македонија

„Нема преодна Влада со ВМРО-ДПМНЕ во неа“,„ слободата на медиумите се гледа во тоа што 22 водат гнасни хајки против нас“, „Јавниот обвинител се однесува согласно законот“. Вака Груевски на денешната трибина на ВМРО-ДПМНЕ ги оцени барањата на лидерот на СДСМ Зоран Заев, кој побара преодна Влада, отказ на директорот на МРТВ поради наклонетост кон власта, како и нов Јавен Обвинител

прочитај повеќе

Димитров: Властите беa подготвени за референдум за Република Македонија (Скопје)

Поранешниот преговарач за името Никола Димитров вечерва во дебатата на НОВА изјави дека ставот на државниот врв во 2008 година бил дека доколку на референдум граѓаните се согласат новото име на Македонија да биде Република Македонија (Скопје) и доколку тоа ги одблокира евроатлантските интеграции на државата, државниот врв ќе го прифати тој предлог

прочитај повеќе

(ВИДЕО и Tранскрипти) Жерновски: Како се местеа изборите во Центар

Во деветтата по ред „бомба“ која денеска ја презентираше градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски беа пуштени снимки од телефонски разговори помеѓу Гордана Јанкулоска, Миле Јанакиески, Драган Павловиќ Латас, Никола Груевски, Сашо Мијалков, Никола Тодоров

прочитај повеќе

„Барабите“ од снимките на Јанкуловска тепале за време на избори во Охрид

Во дел од снимките од прислушуваните разговори кои синоќа ги објави опозицијата, Хелсиншкиот комитет препозна случај кој што бил пријавен од лице од Охрид. Лицето поднело преставка во 2013 година, поради пречекорување на службените овластувања на вработени од полициската единица Алфи

прочитај повеќе