11-02-2016 

Обвинет во Диво Насеље: Бевме искористени за политички цели

Мирсад Ндрецај и Бег Ризај и се предале на полицијата за време на настаните во Диво Насеље на 9 и 10 мај минатата година, а потоа биле убиени. Ова го изјави Руфки Догани, еден од 29-темина обвинети за делата „тероризам“ и „терористичко организирање“, на денешното продолжение на судскиот процес во Скопј

прочитај повеќе

Совет на честа на ЗНМ: Латас ја дискредитира целата новинарска фела

Во својот настап, Павловиќ ги прекрши членовите 10, 11, 14, 15 и 16 од Кодексот на новинарите на Македонија. Тој зборуваше со говорот на омраза и поттикна дискриминација по национална основа, велат од Советот

прочитај повеќе

Гарет:Интервјуто на Сител покажа колку се важни принципите на медиумски слободи

-Го гледав Дневникот на Сител вчеравечер. Реакциите се значајни, не само затоа што е многу редок настан опозициски лидер да има настап на националните најгледани канали. Ова исто така покажува колку многу на луѓето им е важно и колку се битни принципите на медиумските слободи во демократиите, вклучително Македонија, вели британскиот амбасадор Чарлс Гарет

прочитај повеќе

Ванхауте: Сите партии доставија амандмани за медиумите

Пред почетокот на преговорите белгискиот посредник Питер Ванхауте денеска истакна дека сите партии доставиле нови амандмани за кои ќе се дискутира на денешната средба на работните групи

прочитај повеќе

Латас да се повлече од екраните

„Очекуваме дека објективно ќе ја известите македонската јавност“. Со овие зборови Турците кои денеска демонстрираа пред приватната телевизија Сител им се обратија на новинарските екипи кои го следеа протестот

прочитај повеќе

МАН: Во Европа нема политичар кој гостува во медиумот а се заканува и навредува

Македонската асоцијација на новинари (МАН), за вчерашното гостување на лидерот на опозицијата, Зоран Заев и начинот на водење на интервјуто, реагира дека „не постои интервју во Европа каде во слични ситуации се практикува истото“

прочитај повеќе

Совет за етика во медиумите: Непрофесионално однесување на уредникот на Сител

Служењето со дискриминаторен речник, потценувачкиот и арогантен пристап, како и дискредитирањето на соговорникот значи еклатантно кршење на етиката во информирањето на јавноста и злоупотреба на функцијата новинар, уредник и домаќин во интервју или емисија, сметаат од Советот

прочитај повеќе

Агенцијата за медиуми го осуди настапот на Латас

Наместо интервју во кое различните гледишта и мислења ќе добијат еднаков третман со што публиката ќе може слободно да оформи сопствено мислење за актуелните општествено - политички теми - гледачите видоа непримерен начин на комуникација, кавга и навреди, се вели во соопштението

прочитај повеќе

СДСМ поднесе интерпелација за претседателката на Комисијата за образование

Според координаторот на пратеничката група на СДСМ Сугарески Најденовска на најбрутален начин го крши Деловникот на Собранието на Република Македонија и го реализира сценариото на ВМРО-ДПМНЕ за предизвикување на физички инцидент

прочитај повеќе

Амбасада на Р. Турција: На ТВ Сител израз полн со омраза и злоба

Ја покануваме Сител Телевизија која што му дала висока раководна функција на ова лице да постапи согласно со објективното новинарсто и во рамките на правичноста и кон именованото лице ги превземе соодветните мерки.

прочитај повеќе

Демонстранти пред Сител: „Излези началниче да видиме кој лаже“

Во моментов ТВ Сител е под полициско обезбедување, а демонстрантите, знамињата ги оставија врз паркиран џип за кој сметаат дека е во сопственост на уредникот Латас

прочитај повеќе

Трпевска: Повреден е Законот за аудио и аудиовизуелни услуги

Според професорката Снежана Трпевска од ИКС, изместена е функцијата на новинарството, не постои всушност новинарство, туку само ПР на владините политики, нема етика, нема срам за срозувањето на професијата

прочитај повеќе

Турците протестираат пред Владата: Од овде се финансира дното на новинарството

Десетици граѓани припадници на турската заедница со поддршка од голем број граѓани од различни националности во Македонија пред Владата изразија револт од навредите што кон нив ги упати уредникот на Сител Драган Павловиќ Латас во вчерашното интервју со лидерот на опозицијата Зоран Заев

прочитај повеќе

Спасовски: Постојат дилеми кој се е вмешан во „Диво насеље“

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во вчерашното интервју за НОВА, во однос на случувањата во кумановско „Диво Насеље“, вели многу е важно да има темелна истрага која ќе даде одговори на сите дилеми во јавноста

прочитај повеќе

СДСМ за интервјуто Латас- Заев: Новинарските здруженија не смеат да останат неми

-Сите граѓани во Република Македонија се уверија како работат режимските медиуми, како изгледа гостување во режимска телевизија уредувана од страна на Груевски и неговите платеници, реагира опозициската СДСМ на вчерашното интервју на Драган Павловиќ Латас со Заев

прочитај повеќе

Курц: Балканот да ги затвори границите

Курц во петок доаѓа и во Македонија каде што во рамките на турнејата на Западен Балкан најавува „помош за земјата да се справи со бегалската криза“

прочитај повеќе

Денеска продолжува судењето на обвинетите за Диво насеље

29 мината се товарат за тероризам и терористичко организирање, за случувањата од 9 мај минатата година

прочитај повеќе

Латас им се извини на сите Турци во вториот дневник на Сител вечерва

-Мој гаф во текот на дневникот. Употребив израз дека Заев лаже како Турчин, се извинувам на сите Турци поединечно, како и на турската нација и на турската држава, рече Латас

прочитај повеќе

Реакции на амбасадорите на САД и ЕУ на Твитер: Фер и балансирано?

Американскиот амбасадор констатира дека „макеоднските медиуми можат и подобро“, додека ЕУ амбасадорот праша: Балансирано медиумско известување?

прочитај повеќе

Заев за Сител: Во СЈО се предадени 1 милион и 50 илјади снимени разговори

- Оставете истрагата да го покаже тоа. Не сум личен пријател со него. Само партиска комуникација, кога сум бил во Гази Баба или тој бил кај мене, рече Заев, откако во текот на интервјуто беа презентирани податоци за над 60 наводни телефонски разговори на Заев со еден од осомничените за фалсификуваните лични карти Захир Бекири Чауш

прочитај повеќе