21-12-2014 

(ФОТО)Инсект од Нов Зеланд голем колку зајак се појави во Штип

од Виoлета Кожинкова, НОВА | објавено на: 20-03-2014 15:35:40

Климатските промени донесоа нов вид инсект во Штип. Инсектот е сличен на штурец или скакулец, но речиси е голем како помал зајак. Прв го забележал штипјанец додека се шетал во природа.

-Видов инсект кој изгледаше многу необично, и тоа не по форма, туку по големина. Формата изгледа на штурец, но ме изненади големината бидејќи е голем како зајак или поголем стаорец. Детално ако би требало да го опишам би рекол дека има форма на штурец, со кафеава боја, члеконогог и на крај завршува со опашка долга околу 10-15 сантиметри што изгледа како одбранбен механизам, раскажува Кирил Панајотов, што инсектот го фотографирал во близина на штипската населба Сујтлак, а кои што фотографии ги сподели со НОВА, но и со експертите.


Ентимолозите велат дека иако изгледа застрашувачки, сепак, не е опасен за луѓето. Она што според нив е интересно е како се нашол во Македонија бидејќи станува збор за ендемски вид на инсект карактеристичен за островите околу Нов Зеланд.

-Вообичаено големината на телото му е колку десет сантиметри. Тоа се само главата и трупот. Не е опасен и не содржи никакви токсични материи за луѓето, се храни од растенија. Според литературата се смета за ендемски вид на островите околу Нов Зеланд. Порано бил многу застапен, но поради стаорците што биле пренесени од Европа сега е редок вид, вели д-р Душан Спасов,универзитетски професор.



Претпоставка е дека во Штип се нашол поради климатските промени и зголемувањето на темепературите во поледниве години. Според експертите ова веројатно нема да биде првиот нов вид на инсект, и претпоставуваат дека зголемувањето на температурите во Македонија ќе донесе и други нови видови кои што досега ги немало.


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на НОВА.

Останато од Република

Маленко: Трагичeн за Македонија е одливот на млади луѓе од државата

Според поранешниот светски првак во пливање, имплементацијата на Законот за спорт во Македонија е лоша. Вели дека трагично за Македонија како држава е одливот на млади луѓе во странство и оти секој просечно интелегентен граѓанин е фрапиран од она што ни се случува

прочитај повеќе

Тетово тоне во ѓубре и долгови, а граѓаните немаат ниту вода за пиење

Тетово не е само најзагадениот град во Европа. Граѓаните се соочуваат со недостаток на чиста вода за пиење, диви депонии демнат од сите страни, додека општината наместо во капитални инвестиции, инвсетира во бројната партиска армија вработена во админстрацијата

прочитај повеќе

Временото решение не го реши проблемот со матичен гинеколог во Шуто Оризари

Гинекологот кој еднаш неделно доаѓа во амбулантата во Шуто Оризари не го реши проблемот во оваа скопска населба со над 40 000 жители. Жените Ромки се уште немаат пристап до матичен гинеколог кој ќе ја следи нивната бременост и ќе им дава упати

прочитај повеќе

И студентите и професорите од Тетовскиот универзитет се против државниот испит

Деканите на сите факултети од Државниот универзитет во Тетово, на денешната јавна дебата околу реформите во високото образование, се изјаснија дека се против државниот испит и последните предлог измени на законот за високо образование

прочитај повеќе

Надвозникот на Бит пазар останува неискористен

Проектот со надвозникот на Бит пазар веќе неколку години докажува дека е неуспешен. Пешаците речиси и воопшто да не го користат и повеќе претпочитаат да го преминуваат булеварот и да ја скокаат улицата со што во опасност го ставаат својот живот

прочитај повеќе

Стаменов: Откупот на тутунот е во рамките на законските прописи

„Во изминатите два дена, значи од почетокот на откупот, се откупени 1.200.000 килограми тутун при што добиената просечна цена е 121 денар за килограм откупен тутун, изјави денеска Директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Румен Стаменов.

прочитај повеќе

Орхан Алиу: Лица блиски до водството на Општина Чаир ми узурпираа имот

Правдата за Орхан Алиу и неговите браќа цели четири години се влече по судските лавиринити. Иако фактите и аргументите се на страната на Алиу, правдата се уште не победила. Според Алиу предметот се влече поради притисокот на водството на Општина Чаир

прочитај повеќе

Мој термин и за тутунарите во струмичко

Ни испраќаат преку откупните пунктови во населените места термин кога да го носиме тутунот, не направија како пациентите во здравството кои имаат мој термин, велат тутунопроизводителите од струмичкото село Костурино

прочитај повеќе

Вo сабота свечено отворање на новата театарска зграда во Велес

Со премиера на претставата „Најважната работа на светот“ во сабота на 20 декември ќе биде отворена новата зграда на Театарот „Џинот“ во Велес

прочитај повеќе

„Кам Фуд“ нема да го гради трговско-деловниот објект во центарот на Прилеп

Скопски „Кам Фуд“ се откажа од изградбата на современ трговско-деловен објект во строгиот центар на Прилеп, со што пропадна долго најавуваната инвестиција вредна 4.000.000 евра

прочитај повеќе

Осум кавадаречки шумари осомничени за несовесно работење

Според полициската пријава, вработените во Шумското стопанство сториле кривично дело „несовесно работење во службата“ затоа што со пропуштање да извршат надзор или со несовесно постапување дозволиле да се јави финансиски кусок во шумското претпријатие

прочитај повеќе

Општинските административци од македонска националност ќе учат албански

Македонците вработени во општина Тетово, ќе го изучуваат албанскиот јазик. Се работи за проект кој го спроведува локалната власт во соработка со британската амбасада и невладината организација АДИ

прочитај повеќе

Алармантно: Водата во делови од Охридското езеро е од петта класа

Лидија Симоноска, специјалист по хигиена во Центарот за јавно здравје во Охрид за НОВА вели примероците покажале вредност три пати повисоки од предвидените во оваа класификација

прочитај повеќе

Млаки радијатори и домашни греалки - „лек“ против студот во прилепската болница

Утринава радијаторите во болничките соби и во амбулантите беа топли. Според кажувањата на дел од пациентите и нивните блиски кои им беа дојдени во посета, така е само во одредени периоди од денот

прочитај повеќе

Штип: Орденот „Свети Никола“ ќе му се даде на премиерот Груевски

Орденот се доделува на истакнати личности кои направиле нешто за развој на општина Штип. На последната седница на штипскиот Совет што се одржа минатиот месец градоначалникот Илчо Захариев рече дека премиерот Груевски направил многу за градот

прочитај повеќе

Откупот на тутун во прилепскиот регион започна со проблеми

На откупните пунктови во Прилеп во претпладневните часови некои од тутнопроизводителите дојдоа да го предадат „жолтото злато“, а други да видат каков критериум ќе имаат откупните компании - незадоволство и кај едните и кај другите

прочитај повеќе

Поради немање пари голем дел од спортските клубови во Охрид престанаа со работa

Во изминатите години имаше и неколку млади фудбалери кои заминаа на печалба во соседна Албанија, за каде велат дека повеќе се вложува во фудбалот отколку кај нас

прочитај повеќе

(ВИДЕО) Истражување: Владата не го почитува својот деловник

Министерствата често постапуваат спротивно на Деловникот на Владата и не ја почитуваат преземената обврска да ги прашаат граѓаните за законите што сакаат да ги донесат или сменат. Откако Македонија го отвори Единствениот национален регистар на прописи тој е релативно непознат за јавноста, а запоставен од дел од државните институции

прочитај повеќе

Ограничената слобода во Македонија е евтина, а правдата бавна

Во Македонија секоја година се исплатуваат речиси милион евра поради грешки на судскиот систем, полицијата и обвинителството, за неосновано притворени или судени македонски граѓани, за судски, адвокатски и трошоци за извршители

прочитај повеќе

Стаорци ја изедоа пченицата во амбарите во светниколско

Наместо храна за стоката и семенски материјал, пченицата и јачменот во светинколско станаа храна за стаорците. Амбарите буквално се сардисани од глодарите. За да си го заштитат тешко спечалениот труд, фармерите по цели ноќи дежураат и со стапови и стапици ги ловат неканетите гости

прочитај повеќе