04-08-2015 

Во МРТВ ќе се расправа за дисциплинските против новинари

од Сашка Цветковска, НОВА | објавено на: 23-05-2013 15:40:01

Заменик – претседателот на Советот на МРТВ, универзитетскиот професор Агим Лека вели дека позитивно ќе одговори на барањето на член на Советот за да се одржи седница на која ќе се разгледуваат дисциплинските постапки поведени против повеќе новинари во јавниот сервис, а за кои пишуваше дневниот весник “Вест”. Лека за Нова вели дека деновиве е во жалост, но многу скоро ќе одговори на барањето и ќе закаже седница.

-Го примив барањето и го прочитав, но за жал, во истиот ден примив и една тажна вест за смрт на мој близок и поради тоа овие денови сум во жалост. Но, јас ви гарантирам дека штом закрепнав, веднаш ќе одговорам и ќе одржиме седница, рече Лека за Нова.

Освен ова барање, Советот на МРТВ треба да го разгледува и финансискиот извештај на куќата. Работите доцнат бидејќи претседателот на Советот Слободан Чашуле беше назначен за амбасадор во Шпанија и замина за Мадрид, а заменикот Агим Лека бил на студиски престој во странство, а тие двајца се и единствените кои можат да закажат седница.

Скандалот со поведените дисциплински постапки го објави дневниот весник “Вест”
"Колегите во МРТ тврдат дека неоснованите дисциплински постапки против нив имаат цел да ги замолчат и слепо да ја следат уредувачката политика. Има драконски и неосновани казни на платите до 30 проценти и преместувања од едно на друго работно место, не почитувајќи ја процедурата утврдена со законот, и без никакво образложение. Новинарите мораат секој ден да поднесат извештај како го потрошиле работното време од осум часа, со кого се виделе, што разговарале, за што пишувале и други слични детали", изјавуваше за “Вест” претседателот на ЗНМ Насер Селмани.

Реагираше и раководството на МРТВ кое иако призна дека постојат дисциплински постапки против новинари, негираа дека тоа се прави од политички притисоци, а го обвинија ЗНМ дека постапувале мотивирани од лични интереси.
-По подолг период МРТ понуди програма атрактивна за гледачите и ја возобнови сопствената продукција. Потади ова не можеме како ништо друго освен како притисок да го протолкуваме атакот од страна на ЗНМ. Сметаме дека Здружението реагира исклучиво поради лични интереси, а не во заштита на новинарските права за кои треба да се грижи, пишуваше во соопштението на МРТВ.
Каков ќе биде исходот од седницата на Советот на МРТВ останува да се види откако заменик претседателот ќе ја закаже и реализира. Во меѓувреме, и Советот за радиодифузија треба да одржи расправа за извештајот на ОБСЕ за работата на јавниот сервис. Според извештајот од мониторингот врз медиумите на ОБСЕ за време на изборната кампања јавниот сервис бил пристрасен во корист на владејачката партија и не обезбедил еднаква застапеност на сите политички субјекти во кампањата.
ки субјекти во кампањата.


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на НОВА.

Останато од Македонија

Пет жртви од невремето во тетовскиот регион

Расте бројот на жртви во тетовскиот регион по невремето. Досега според информациите на надлежните животот го изгубиле петмина, од кои две се деца. Поради обилните дождови доцна попладнево во тетовско се излеаа реките, поплавени се домови, а градот е полн со наноси од смет и кал

прочитај повеќе

(ВИДЕО) Тетово под вода, се излеа реката Пена

Невремето кое доцна попладнево ја зафати земјава, најголема штета направи во Тетово. Реката Пена се излеа од своето корито, а поплавени се и улиците низ градот

прочитај повеќе

АлсатМ: Среда и четврток ново сослушување на уапсените во Куманово

АлсатМ дознава дека обвинетите од кумановската акција ќе се товарат за делата тероризам и терористичка организација, но тоа не подразбира дека ова обвинение ќе остане непроменето до крајот на процесот.

прочитај повеќе

Евробарометар: Македонските граѓани повеќе им веруваат на ЕУ институциите

За жителите на ЕУ најголем проблем е имиграцијата додека граѓаните на Македонија се најмногу загрижени за невработеноста и економската состојба на земјата.

прочитај повеќе

НВО: Владата на ДПМНЕ и ДУИ нема легитимитет да спроведе попис

Најавата на премиерот Никола Груевски, дека Владата планира да спроведе попис на населението, најголем дел од пописот извршен по електронски пат, 46 граѓански организации и иницијативи ја оценуваат како несериозна и манипулативна

прочитај повеќе

Граѓански сектор: Груевски нема кредибилитет да подготви и да спроведе попис

прочитај повеќе

Обврска за носење заштитен шлем и рефлектирачки елек за велосипедистите

Во новиот предлог Закон за безбедност предвидени се обврски за носење на заштитен шлем на главата за време на возењето на патот за возачот и лицата кои се превезуваат со велосипед, како и носење на рефлектирачки елек ноќе и во услови на намалена видливост

прочитај повеќе

Уште 200.000 евра за пристапната улица до плоштадот „ВМРО“

Деновиве беше објавен тендерот за избор на компанија што ќе ги постави новите канделабри, што ќе треба да го осветлат просторот што води кон седиштето на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ

прочитај повеќе

Иванов: Потребнo е враќање на довербата во институциите во кои има пропусти

Претседателот на државата, Ѓорѓе Иванов, денеска порача дека македонските граѓани очекуваат од сите учесници во политичките процеси да се однесуваат разумно и одговорно и да покажат политичка зрелост

прочитај повеќе

Груевски: Изработувајќи им споменици, им се оддолжуваме на нашите претци

По повод одбележувањето на Денот на Републиката - 2.август, премиерот денеска во својот говор рече дека раководството на земјава, преку градење споменици и прекрстување на улици, всушност им се оддолжува на претците заслужни за нашата историја

прочитај повеќе

Груевски: Сметам дека бројот на пратеници од дијаспората треба да се триплира

Премиерот Никола Груевски во својот говор пред споменикот на Ченто на градскиот плоштад, ги спореди Илинденците со сегашната власт, односно вели и на едните и на другите им се оспорувал успехот

прочитај повеќе

Честитка од лидерот на СДСМ Зоран Заев за Денот на Републиката

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев во свое име и во име на Социјалдемокртаскиот сојуз, на сите граѓани на Република Македонија, им го честита големиот државен празник, 2 август – Денот на Републиката

прочитај повеќе

Денеска нé очекува прилично нестабилно време

Ризик од поинтензивен дожд, не е исклучена и можноста за изолирана појава на град и засилен ветер, ќе има локално во западната и северната половина од земјата

прочитај повеќе

Аманетот од Илинден сè поголем, илинденци сè помалку!

Комфорот во политичките фотелји ја затапи острицата за борба за државните цели, а актуелната криза го потврди лажниот политички однос кон илинденските идеали кои денеска се слават

прочитај повеќе

Харадинај: Немам врска со судирот во Куманово

Изјавите на Харадинај во интервјуто, доаѓаат откако во повеќе српски и регионални медиуми беа објавени текстови дека зад крвавиот инцидент во Куманово стои токму тој

прочитај повеќе

„Ленка“ апелира на една изборна единица и отповиклив мандат за пратениците

Движењето за социјална правда „Ленка“ апелира до јавноста за можноста од предизборни манипулативни и популистички потфати на власта, и на опозицијата

прочитај повеќе

Мајка и две деца загинаа при сообраќајка на патот Демир Капија - Гевгелија

Две деца и мајка, српски државјани починале откако утрово околу 7 часот. Со автомобилот управувал таткото, кој удрил во бетонски столб на патот Демир Капија – Гевгелија

прочитај повеќе

Огромни колони возила на граничниот премин Богородица

И македонскиот и грчкиот дел работат во полн капацитет и во функција се пуштени сите линии

прочитај повеќе

Пукотници во Липково ги вознемирија жителите, од МВР велат нема никаква акција

Час и половина утрово во Липковскиот регион имало интензивно пукање, во близина на селата Ваксинце и Лојане. Неофицијално, ловечки друштва од повеќе земји утрово во регионот го означиле почетокот на ловната сезона

прочитај повеќе

Нови 6 до 8 милиони евра за споменик на Мајка Тереза

Шест до осум милиони евра за Мајка Тереза, фонтана, милосрдни сестри, ангели, декоративни венци во форма на пехар и други релјефи од мермер и бронза. Автор Валентина Стефановска.

прочитај повеќе