24-11-2014 

АНАЛИЗА: Полицијата во цензорска акција

од Борјан Јовановски, НОВА | објавено на: 12-09-2013 14:56:55

  • На новинари денеска пред паркот кај Бристол им беше забрането да фотографираат, а на екипата на НОВА и беше избришан видео материјал. Има ли право полицијата да спречува снимање и бришење на видео мат
  • Павле Трајанов актуелен пратеник и поранешен министер за внатрешни работи ни рече дека снимањето може да се ограничи само на места на кои постои јасна ознака дека снимањето е забрането
  • Според поранешен висок функционер во јавната безбедност полицијата нема право на таква мерка. Тој вели дека професијата полицаец е ризична но дека токму затоа имаат бенифициран стаж и други привилегии
  • Слободата на јавно информирање и на пристап кон информации, како дел од Уставот на РМ (чл.16) за секое демократско општество е повисока вредност од заштитата на интересите на прекршочната постапка

Полицајците кои денеска го обезбедуваа паркот кај Бристол со ништо предизвикани им се закануваа на новинарските екипи со кривични пријави а екипата на НОВА ја принудија да го избрише снимениот матерјал.

Новинарот од ФОКУС, Владо Апостолов на својата ФБ страница напиша дека полицаец му се заканил со кривична пријава поради тоа што тој ја вршел својата новинарска работа и правел фотографии од местото на настанот.

Во случајот со екипата на НОВА, полицаецот кој го принудил нашиот новинар да го избрише видео записот не се повикал на никаква законска одредба, подзаконски акт, решение или било каков документ кој му го дава правото да забрани вршење на новинарска работа и бришење на снимен видео материјал.

Од нашиот новинар било побарано да се легитимира при што на полицаецот му била приложена прес картата која би требало да овозможи слободно извршување на новинарските задачи.

НОВА се обрати до портпаролот на МВР, Иво Котевски со барање да објасни врз база на кои законски или подзаконски акти полицијата има право да постапува на ваков начин со новинарите и да им попречува при извршувањето на нивните професионални обврски.

Според Котевски се работи за мерка за претпазливост, бидејќи полицајците вршат исклучително сериозна и во многу аспекти ризична професија, а „откривањето на нивниот идентитет може да ја загрози нивната безбедност“, објасни за НОВА, Котевски без да презицира во кој правилник или законски акт е предвидена оваа мерка за претпазливост. 

На нашето инсистирање да добиеме конкретен одговор каде и како се предвидени овие мерки на претпазливост не успеа во намерите.

Што се однесува до случајот на нашиот колега Апостолов на кој полицаецот му се заканил дека кривично ќе го гони доколку фотографир , Котевски нема одговор на прашањето дали во ваков случај кога новинар фотографира полиција на јавно место станува збор за кривично дело или не.

Опомената од полицаецот дека новинарот ќе добие кривична пријава доколу фотографира, Котевски не сакаше да ја коментира бидејќи се уште не знаел дали тоа навистина го рекол полицаецот.

Во обид да дојдеме до одговор за тоа дали постојат било какви правни документи врз кои е базирана одлуката на полицајците да одземаат снимен видео матерјал наменет за инфомирање на јавноста или да спречат снимање разговаравме и со поранешни функционери во МВР.

Павле Трајанов актуелен пратеник и поранешен министер за внатрешни работи ни рече дека снимањето може да се ограничи само на места на кои постои јасна ознака дека снимањето е забрането а тоа е во случаи на стратешки објекти. Што се однесува до мерката применета на нашата екипа таа за Трајанов не е позната во неговата пракса како поранешен прв човек на полицијата. Полицајците извршуваат јавна функција и како такви немаат право да спречат да бидат снимени, смета Трајанов.

НОВА контактираше и поранешен висок функционер во јавната безбедност кој побара анонимност. Според него полицијата нема право на таква мерка. Тој вели дека професијата полицаец е ризична но дека токму поради тоа полицајците имаат бенифициран стаж и други привилегии. Што се однесува до нивниот идентитет ако тој треба да биде заштитен постојат процедури според кој полицаецот во такви операции носи маска со цел да го сокрие идентитетот.

Побаравме и толкување од правници. За образложението кое го добивме од Котевски во правната анализа се вели:

Прво, доколку тоа е навистина така, тогаш тоа би требало да биде политика на Министерството, регулирана со правен акт. Односно, не може некогаш снимањето на ликовите на униформираните полициски службеници да биде дозволено (како што воообичаено е практиката до сега), а некогаш не (доколку не постојат некакви посебни околности на ризик, кои во овој случај дефинитивно не постоеја).

Второ, медиумите имаат средства и можности за прикривање на идентификациските карактеристики на секој полициски службеник (затемнување на ликовите, на деловите од униформата кои укажуваат на припадност на поединечна единица во рамките на Министерството и сл.) и поради тоа, самото снимање не претставува никаква закана за безбедноста на полициските службеници (евентуалното објавување на тие снимки без прикривање на идетификациските обележја на полициските службеници би можело да се смета, само доколку навистина се случи загрозување на безбедноста на полицискиот службеник, што досега се нема случено).

Трето, униформираната полициска дејност е дејност од јавен интерес и како таква, не подложи на никакви ограничувања во поглед на снимање на нејзините активности. Имено, токму затоа е и униформирана полициска дејност, бидејќи тој дел од полициското постапување мора да биде транспарентно за граѓаните.

Четврто и најзначајно, доколку постои реален ризик за полициските службеници, тогаш самото МВР е должно да ги преземе мерките за нивна заштита (обезбедување на маски за полициските службеници), а не тоа да го прави со бришење на снимки на новинари.

Инаку забраната за снимање или одземање и бришење се регулира со членот 57 од законот за полиција. А во него се вели:

Полицискиот службеник може привремено да одземе предмети со наредба на суд, во случаите утврдени со Законот за кривичната постапка.
Одземањето на предмети може да се изврши и без наредба на суд во следниве случаи:
1) кога постојат основи за сомневање дека се работи за предмет на кривично дело, прекршок или имотна корист прибавена со кривично дело или прекршок кој може да послужи како доказ во постапката, доколку постои опасност од одлагање;
2) кога заради заштита на општата безбедност, одземањето на предметот неопходно е потребно и
3) на лице на кое привремено му е ограничена слободата на движење, а поседува или може да употреби предмет за самоповредување, напад или бегство.

Како што може да се види, во овој случај немаме правна основа ниту за одземање, ниту за бришење на снимката. Дури и доколку полицискиот службеник сметал дека снимката ја загрозува општата безбедност, најмногу што можел да направи е да ја одземе и да издаде потврда за привремено одземени предмети.

На крај, слободата на јавно информирање и на пристап кон информации, како дел од Уставот на РМ (чл.16) за секое демократско општество е повисока вредност од заштитата на интересите на прекршочната постапка.

Како заклучок од се може да се каже дека денешното однесување на полицијата кон новинарите е обична ЦЕНЗУРА во Европа позната уште единствено во држави како Белорусија.


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на НОВА.

Останато од Македонија

Заев: Преговори нема и нема да има!

– Што сакате да направите? СДСМ повеќепати изјави дека нема никакви преговори, ниту разговори меѓу власта и опозицијата. Нашите ставови се јасни. Без да се прифатат сите пет барања, ние нема да преговараме со никого – изјави Заев за новинската агенција „Мета“

прочитај повеќе

Иванов – Чичек: Македонија благодарна за поддршката од Турција за НАТО

Претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов денеска се сретна со претседателот на Големото Национално Собрание на Турција, Џемил Чичек при што изразија задоволство за одличните односи и континуираниот нагорен тренд во соработката меѓу двете земји на сите нивоа

прочитај повеќе

Факултетите во битолско не им даваат простории за собир на Студентски пленум

„Ни одобрувале вие или не – ние ќе ги одржуваме пленумите, без разлика на притисоците!“ е пораката која Студентки пленум - Битола ја испраќа кон факултите кои досега, иако со уредно доставено барање, не им дозволуваат на студентите на одржат собир во просториите на објектите

прочитај повеќе

Студентски пленум: Уморни сме од излишната реторика за екстерно

- Би сакале делумно да се сложиме со премиерот кога вели „политиката ги извади студентите на улица“. Точно, но владината политика во високото образование нѐ извади на улица! И доколку не се направи напор за конструктивна дискусија и оваа мерка не се повлече, ние повторно ќе бидеме на улица!

прочитај повеќе

Шест години суделе погрешни луѓе за украден телефон на сопругата на Ставревски

Врховниот суд на Македонија пресуди да им се исплатат по 40 илјади денари на две лица од Скопје против кои шест години се водела судска постапка во која тие биле обвинети дека и го украле телефонот на Антоанета Ставревска, сопруга на министерот за финансии Зоран Ставревски

прочитај повеќе

И штипските студенти денеска на протест против екстерно тестирање

„Се молат студентите маршот да помине во најдобар ред, со себе да си земат свирки и по можност да си испишат пароли на кои ќе искажат незадоволство за предлог закон, воведување екстерно тестирање“, стои во повикот на организаторите

прочитај повеќе

Претседателот на турското Собрание во посета на Македонија

Во Парламентот на Македонија, претседателот на Големото турско собрание ќе разговара и со претседателот и членовите на Парламентарната група за соработка со турскиот Парламент

прочитај повеќе

Починал четврто обвинетиот во случајот „Шпион“

Зоран Костадиновски, четврто обвинет во случајот „Шпион“ починал и бил погребан на гробиштата во Драчево, потврдија за НОВА судски извори.

прочитај повеќе

Починал четврто обвинетиот во случајот „Шпион“

Зоран Костадиновски, четврто обвинет во случајот „Шпион“ починал и бил погребан на гробиштата во Драчево, потврдија за НОВА судски извори.

прочитај повеќе

Студентски пленум: Уморни сме од реторика

„Уморни сме од ова реторика, преку која премиерот се обидува да даде партиска конотација на иницијативата и со тоа да ја делегетимира. Студентскиот пленум ќе настојува да го врати академското ниво кое се базира на критичност и аналитички пристап, а не на лични дисквалификации и етикетирање“, стои во соопштението.

прочитај повеќе

Груевски:Државен испит ќе се полага од 2017-та година

Студените кои ќе полагаат државен испит точно ќе знаат од кои прашања ќе биде направен избор, a испитот ќе почне да се спроведува во 2017 година, односно за студентите кои на универзитетите во земјава ќе се запишат во септември 2015 година, изјави во интервју за Алфа премиерот Груевски

прочитај повеќе

Активисти од „Арсена“донираа вода за пиење во село Моин

Граѓаните на село Моин живеат веднаш до бунарите за вода со кои се снабдува Гевгелија и населените места, оние кои што Државната Агенција за храна и вода ги забрани за употреба уште на 23 септември 2012 година. Се пожалија дека иако бунарите се до нив, тие не добиваат чиста вода

прочитај повеќе

СДСМ:ВМРО ДПМНЕ по осум години владеење се сети на патиштата

Да се фокусираше власта на изградба и обнова на патната мрежа наместо да троши милиони за проектот Скопје 2014 македонските патишта ќе беа побезбедни и ќе се спасеа многу човечки животи, велат од опзициската СДСМ.

прочитај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ:Реконструкција на патната инфраструктура

Обезбедените средства со Програмата за национални патишта се предвидени за изградба и реконструкција на повеќе делници низ целата територија на Република Македонија, велат одф ВМРО ДПМНЕ

прочитај повеќе

СДСМ предлага три мерки за зголемување на извозот

СДСМ бара да му се додели градежно земјиште, да се ослободи од комуналии и да му се дозволи увоз на потребна опрема без давачки на секое ново извозно ориентирано претпријатие кое ќе вработи најмалку 10 нови лица

прочитај повеќе

Две сообраќајки во Тетово, повредени се шестмина

Шест лица се повредени, од кои две се задржани во болница во двете сообраќајни несреќи што ноќеска се случиле во Тетово и околината. Причинета е материјална штета од 190 илјади денари

прочитај повеќе

Лутовски за РСЕ: Проблеми многу, ама екстерното ја прелеа чашата

Екстерното тестирање за жал не е единствениот проблем на студентите и ние немаме некоја култура на протестирање. Но, ете, екстерното тестирање беше некоја точка на вриење за некоја плодна студентска мобилизација, вели Дејан Лутовски од студентската неформална организација „Студентски пленум“ за РСЕ

прочитај повеќе

Камчев: Од ВМРО - ДПМНЕ немам земено ништо

На душегрижниците им порачувам - благодарение на ВМРО-ДПМНЕ немам земено ништо. Со парите од продажбата на „Систина“ на берза ги купив и останатите компании. Со првиот човек на УБК, Сашо Мијалков сме другари 20 години, уште пред да биде на функцијата која што е сега – вели бизнисменот Јордан Камчев

прочитај повеќе

Отворена можност ГТЦ да го "барокизира" приватен инвеститор

Министерството за транспорт и врски објави оглас за избор на консултантска куќа што ќе изготви физибилити – студија

прочитај повеќе

БЕСА - нов политички субјект на Албаците во Македонија

Главна заложба на движењето БЕСА - новиот политички субјект на Албаците во Македонија е коплетно ново политичко и општествено уредување на државата, бидејќи според нив, постоечкото не ги задоволува правата на Албанците кои се дискриминирани во многу сфери

прочитај повеќе