22-07-2014 

(АУДИО) СДСМ: Слушнете како Груевски средува поткуп од 1,5 милиони евра

од НОВА | објавено на: 17-04-2014 14:36:45

СДСМ денеска на медиумите им ја достави аудио снимката, која според нив е доказ за тоа дека премиерот Никола Груевски договорил кеш 1,5 милиони евра од газда Нини од продажбата на Македонска банка.

„Никола Груевски очигледно не сака да биде искрен со македонската јавност. Два дена му даваме шанса да излезе во јавност и да каже јавно за 1.500.000 евра кои ги зел во кеш од газда Нини, за неплатениот данок од 225.000 евра и за криминалната оф-шор мрежа што ја краде Македонија. Ако беше чист, Никола Груевски ќе излезеше уште следниот ден на прес-конференција и лично ќе објаснеше што се случило, а немаше да се крие зад партиски соопштенија“, рече денеска лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

НОВА интегрално ја пренесува прес-конференцијата на СДСМ:

- Никола Груевски, зошто ти не одговориш на поставените прашања, туку стигнуваат некакви панични соопштенија на Центарот за комуникации. Од каде би знаел Центарот за комуникации дали ти си зел еден и пол милион евра во кеш од газда Нини? Излези и одговори, не ги вмешувај твоите соработници во калта во која си потонат до гуша.
Никола Груевски, не мора да се закануваш преку соопштенија со тужба, еве јас те повикувам да ме тужиш. Кога веќе бегаш од мене на дебати, нема проблем, ајде да се сретнеме на суд. Ама ти лично да се појавиш на судењето, не да се криеш. И да биде јавно, со присуство на медиуми и на набљудувачи. Па, сите нека видат која е вистината.

- Ти било тешко да ги сфатиш прашањата, не биле разбирливи. Биле измислици и халуцинации. Еве прашувам, појасно здравје, ако се ова измислици и халуцинации, зошто тогаш Груевски издаде ембарго на сите медиуми што ги контролира да објавуваат информации за случајот и за моите прес-конференции. Од што се плаши Груевски ако ова не е вистина? Зарем, господине Груевски, во 21 век веруваш дека ќе ја запреш вистината со цензура? Тешко ќе ти успее таа работа.

- Знаејќи каков мрак создаде ВМРО-ДПМНЕ во македонскиот медиумски простор, ние целиот материјал и сите докази ги преведовме и уште од денеска детално ќе ги запознаеме и претставниците на меѓународната заедница и странските медиуми.

- Социјалдемократскиот сојуз на Македонија денеска ќе ги отстрани сите сомнежи околу тоа што и како се случило. Ќе објавиме аудио снимки од разговорите на кои под наредба на Груевски е договарана операцијата „продажба на Македонска банка АД Скопје“. Му се заблагодаруваме на загрижениот граѓанин, кој поради својата совест, решил да ни ги достави овие снимки и ги охрабруваме сите граѓани кои имаат вакви или слични докази за криминал во власта да ни ги достават зашто покажавме дека ние доказите не ги користиме за да се пазариме со Груевски, ниту да калкулираме, ниту да уценуваме, туку ги објавуваме во интерес на вистината.

- Една работа е повеќе од јасна. На Никола Груевски не му е државата пред се, туку партијата, а со конечна цел негова лична заштита и заштита на фамилијата и бизнисот. Во Македонија не постои држава, не постојат институции на државата, не постои поделба на власта, постојат само интересите на партијата и на фамилијата што ја раководи таа партија. Сега на сите им е јасно зошто Груевски не дозволува да има фер и демократски избори. Си се чува себеси. Потсетувам дека за криминални продажби на банки во затвор веќе има поранешни премиери од регионот. Насекаде во регионот се случија промени, во Хрватска, во Србија, во Бугарија, во Албанија, само во Македонија – криминалната мрежа ја турка државата во целосна диктатура и пропаст.

- Ги повикуваме надлежните институции да не чекаат наредба од Груевски како да постапат за случајот во кој тој ја игра главната улога. Многу афери досега беа заташкани. Оваа нема да дозволиме да биде заташкана. Го повикуваме господинот јавен обвинител Зврлевски да заборави на ромските балови и другите забави на кој другарувал со првите луѓе на власта, веднаш да отвори истрага за случајот и да бидат преземени сите мерки кои би биле преземени за секој друг граѓанин на оваа земја во истата ситуација.

- Дозволете ми, конечно, како човек, а не како политичар, да го прашам Груевски една работа што мене лично ме вџашува. Па добре, бе, Никола Груевски, како сте можеле да влечете пари од оф-шор компаниите газди на Македонска банка дури во деновите по загинувањето на претседателот Борис Трајковски. Имате ли малку срам, морал, човечност? Кога целата нација беше во болка и во тага, очигледно само бизнисот на фамилијата не бил завеан во црно.

- Поради ова што се случува изминатите два дена, сакам и најдиректно да му се обратам на Груевски. Престани да ми се закануваш мене, на моето семејство, на мои блиски и на луѓе од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. Ако ова не е вистина, зошто тогаш закани да запрам и да не продолжам. Зарем веруваш дека ако мене ме запреш, вистината ќе остане засекогаш ваша фамилијарна тајна. Па, нели ти тврдеше дека вистиата е како шило, кога-тогаш ќе излезе на површина. Еве ја, Никола Груевски, излезе на видело вистината за твојата чесност.

- Ви благодарам и ве поканувам заедно да ги погледнеме аудио-снимките кои ќе покажат кој лаже и кој халуцинира, зaврши Заев.


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на НОВА.

Останато од Избори

Орданоски за Ал Џезеира: Граѓаните со ВМРО-ДПМНЕ добија национализам

Новинарот и аналитичар Сашо Орданоски за изборниот пресврт- ВМРО-ДПМНЕ е убедлив на изборите, а опозицијата не го признава изборниот процес. Што добија граѓаните со владеењето на ВМРО-ДПМНЕ? Орданоски: популизам, национализам, на ниво на презир кон Албанците

прочитај повеќе

Михаилов: Граѓаните на Охрид ја почитуваат работата на ВМРО ДПМНЕ

Со развиорени знамиња и со прослава на градскиот плоштад и низ улиците на Охрид, ВМРО ДПМНЕ прослави и прогласи победа и во Охрид. Претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ, Атанаско Михаилов рече дека Охрид е ВМРО-вски град

прочитај повеќе

МОСТ: Ѓорге Иванов – 57,2%, Стево Пендаровски – 42,8%

Според овие резултати распоредот на мандати во парламентот бил бил следен: 60 пратеници за ВМРО - ДПМНЕ плус 3 од дијаспората, СДСМ би добила 34, ДУИ 18, ДПА 7 и НДП 1 пратеник

прочитај повеќе

Тетово: ДУИ слави, Ахмети ги поздравува славениците

Пред партиското седиште на ДУИ во Мала Речица и низ градските улици во Тетово и во околните населени места,членови и симпатизреи на ДУИ ја слават победата на оваа партија на вонредните парламентарни избори

прочитај повеќе

Тачи: ДПА има доволно пратеници за влез во владата

Според сите сознанија ДПА ќе има 8 или 9 пратеници кои ќе бидат доволни за да ги продолжуваме разговорите за влез во владата, рече Тачи

прочитај повеќе

Ѓорчев:Таковината е во сигурни раце Груевски останува премиер,Иванов претседател

„Таковината е во сигурни раце Никола Груевски останува премиер, Ѓорѓе Иванов останува претседател“, рече Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ прогласувајќи убедлива победа на предвремените парламентарни избори во скоро сите изборни единици

прочитај повеќе

Стевче Јакимовски: Ова беа едни фер, демократски и достоинствени избори

Сакам, исто така, да подвлечам дека денеска присуствувавме на едни фер, демократски и достоинствени избори и, искрен да бидам, од ниту една општинска организација, односно од ниту еден изборен штаб немаме поплака на денешниот изборен процес, изјави лидерот на ГРОМ

прочитај повеќе

ДИК: ВМРО-ДПМНЕ освои 42,29%, СДСМ 22,93% од гласовите

Според ДИК од досега преброените 61% од гласовите на предвремените парламентарни избори 42,29% од гласовите освоила коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, додека за опозиционата СДСМ гласале 22,93% од гласачите

прочитај повеќе

ЛП се солидаризира со неприфаќањето на резултатите од изборите

Извршниот комитет на ЛП пред вечерашното пребројување истакнува дека се солидаризира со ставот на мнозинството опозициски партии за неприфаќање на резултатите од денешните избори

прочитај повеќе

ДУИ прогласи убедлива победа во Гостивар

Конечните резултати соопштени од Огранокот на ДУИ во Гостивар, ја потврдуваат убедливата победа на оваа партија во Гостивар. ДУИ освоил 12.503 гласови, ДПА - 4.479 и НДП - 6.159 гласови

прочитај повеќе

ДПА: Имаше низа неправилности но сепак очекуваме добри резултати

Садије Илјази од ДПА беше првата,од албанската опозициска партија, што излезе пред јавноста после завршувањето на денешниот изборен процес.Таа нагласи дека изборите биле проследени со многу неправилности и дека тие очекуваат добар резултат

прочитај повеќе

Адеми: Ние сме пред една историска победа на ДУИ

Се уште ги броиме гласовите, но првите податоци велат дека сме пред една историска победа на ДУИ, каков што не е запаметен во овие простори, со 150 илјади гласови

прочитај повеќе

За ДУИ изборите демократски, за ДПА тие минале со нерегуларности

Водиме најмалку со 2 спрема 1 а на некои избирачки места таа разлика во наша корист е и 4 спрема 1, изјави Бујарм Османи од ДУИ

прочитај повеќе

Бујар Османи: ДУИ води 3 спрема 1 пред ДПА

Се уште е рано да се дадат било какви резултатите, но првичните информации зборуваат дека сме во предност над ДПА, во сооднос 3 со 1. Очекуваме конкретни резултати во текот на ноќта каде за резултатите ќе се обрати и лидерот Али Ахмети, истакна Бујар Османи

прочитај повеќе

Партијата на Руфи Османи не ги признава изборите

Во изјава за медиумите Османи соопшти дека на највисокиот орган на партијата ке и биде предложена одлука, овие избори да не ги признае. Тој најави дека ке се обратат и до Советот на Европа да не ги признае овие избори во Македонија

прочитај повеќе

ДИК: ВМРО-ДПМНЕ води пред СДСМ

Државната изборна комисија ги објавува резултатите: ВМРО-ДПМНЕ има 30.398, односно 41,49%, а СДСМ- 13.726 или 18,73%, од досега процесирани избирачки места 15,40 % /

прочитај повеќе

Дали ВМРО-ДПМНЕ може да ја игнорира одлуката на СДСМ?

Потегот на СДСМ да не се признаат изборите веднаш после завршување на изборите, без да се знаат резултатите е оспорување на цел изборен процес, објаснува за НОВА Александар Новаковски, поранешниот претседател на ДИК

прочитај повеќе

Резултати ВМРО-ДПМНЕ: 136.000 гласале за Иванов, 91.000 за Пендаровски

Првичните резултати од ВМРО-ДПМНЕ: 136.000 граѓани гласале за Горге Иванов, а 91.000 граѓани за Стево Пендаровски. Додека соодносот на парламентарните избори е 59.000 за ВМРО - ДПМНЕ, а за СДСМ 29.000 гласови

прочитај повеќе

Славенички каравани со автомобили и знамиња на ВМРО-ДПМНЕ

Славенички каравани со автомобили и знамиња на ВМРО-ДПМНЕ низ скопските улици веќе ја прогласија изборната победа

прочитај повеќе

(ВИДЕО) Заев: Не ги признаваме изборите- итно бараме формирање техничка влада

„СДСМ не го признава изборниот процес“, соопшти лидерот на СДСМ, Зоран Заев на прес-конференција на која е присутен и кандидатот за претседател Стево Пендаровски, по што следуваше силен аплауз од присутните членови и од партиското раководство

прочитај повеќе