31-01-2015 

„Златен објектив“ за Кирил Ценевски

од Александра Бубевска, НОВА | објавено на: 29-04-2013 13:35:15

Режисерот и сценарист Кирил Ценевски е добитник на наградата „Златен објектив“ за 2013 година, која Кинотеката на Македонија ја доделува за исклучителен придонес во македонската кинематографија. Одлуката ја донел одборот за наградата, а беше соопштена денеска, кога Кинотеката одбележува 37 години постоење.

Наградата на Ценевски ќе му биде врачена на 27 октомври, на Светскиот ден на аудиовизуелното наследство, кога ќе биде прикажана ретроспектива на негови филмови. Тој е автор со голем број филмски награди, меѓу кои и тие за неговиот најнаградуван филм „Црно семе“ од 1971 година (на фестивалите во Пула, Москва, Авелино, југословенски кандидат за Оскар во 1972 и награда „11 Октомври“). Со „Црно семе“ Ценевски е влезен во листата на УНЕСКО „Спомени на светот“. Ценевски (1943) е режисер и на играните филмови „Јад“, „Оловна бригада“, „Јазол“..., и на документарци, меѓу кои и тие посветени на неколку добитници на „Златниот венец“ на Струшките вечери на поезијата, како и за самиот поетски фестивал.

- Имаше повеќе предлози за наградата и е многу тешко да се направи дистанца за заслугите, квалитетот и придонесот на секој од предложените филмски автори, но сметам дека одборот направи правилен избор зашто Кирил Ценевски е еден од најреномираните филмски режисери, рече директорката на Кинотеката Мими Ѓоргоска-Илиевска.

Од денеска до 2 мај во Кинотеката ќе бидат прикажани четири играни филма на годинашниот лауреат на „Златниот објектив“ Ценевски.


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на НОВА.

Останато од Култура

Скулпторот Жарко Башески со изложба во Париз

Во престижната галерија „Хелен Нугаро“ која се наоѓа во непосредна близина на Богородичната црква Notre dame de Paris, во присуство на некои од најзначајните имиња на француската култура беше отворена изложбата „Адам и Ева – нов почеток“ на македонскиот скулптор Жарко Башески

прочитај повеќе

Tворештво на Љубиша Георгиевски сместено на ДВД и книга

Кинотека на Македонија изврши дигитализација на филмскиот опус на режисерот Љубиша Георгиевски и седумте филмски проекти ги смести на ДВД издание кое ќе биде промовирано в среда, во 12 часот во киносалата на Кинотека

прочитај повеќе

„Филхармонија на кирилица“ во четврток во МОБ

„Филхармонија на кирилица“ е насловот на претстојниот симфониски концерт на Македонската филхармонија, кој ќе се одржи во четврток во Македонската опера и балет во 20 часот и е дел од циклусот концерти посветени на македонското музичко творештво и исполнителство

прочитај повеќе

„Остави ме да дишам“ - порака на албанските актери која ја пренесоа во Тетово

Хамди Рашид, Вјолца Бектеши - Хамиди, Музбајдин Ќамили, Теута Ајдини Јегени, Светлина Каба Карага и Флора Кадри на сцената ја изведоа претставата за проблемите на едно семејство кое, меѓу другото, се соочува и со проблемот на загадениот воздух

прочитај повеќе

Академик Серафимовски донира портрет на Хусто Хорхе Падрон до писателите

Академик Томе Серафимовски по повод 68-годишнината од формирањето на Друштвото на писателите на Македонија, на македонската писателска асоцијација и донира портрет на големиот шпански поет Хусто Хорхе Падрон

прочитај повеќе

(ВИДЕО) Одбележана 95-годишнината од раѓањето на великанот Славко Јаневски

Македонска Академија на Науките и Уметностите и Општина Центар одбележаа 95 години од раѓањето и 15 години од смртта на основоположникот на современата македонска литература Славко Јаневски

прочитај повеќе

Читална Славко Јаневски: Одбележување на раѓањето на великанот

Oпштина Центар и МАНУ, денеска ја одбележуваат 95 годишнината од раѓањето и 15 годишнината од смртта на Славко Јаневски. Академик Томе Серафимовски ќе и подари на општината седум скулптури. Настанот е во Читалната во Центар Славко Јаневски, во 12 часот

прочитај повеќе

Христина Ивановска и Јане Чаловски на Венециското биенале

Ликовните уметници Христина Ивановска и Јане Чаловски се годинашни македонски претставници на Венециското биенале. Нивниот проект „Ние сите сме сами во ова“ го предложила Националната галерија на Македонија. Куратори ќе бидат Башак Шенова од Турција и Маја Чанкуловска-Михајловска

прочитај повеќе

Романот „Дваесет и првиот“ од Томислав Османли ќе биде објавен и на руски

Романот „Дваесет и првиот“ на Томислав Османли, следната година ќе биде објавен на руски јазик. Московскиот издавач „Центар на книгата Рудомино“, застапуван од неговиот генерален директор Јевгениј Резвиченко неодамна потпиша договор со авторот на наградениот македонски роман. Договорот предвидува првото издание да биде објавено во тираж од 3000 примероци

прочитај повеќе

Хелсиншкиот комитет стартува со е-магазинот „Има ли будни...“

Комитетот апелира младите да се охрабрат да пишуваат за нивните проблеми и да бидат креативни во презентирање на решенија или предлози за подобрување на состојбите

прочитај повеќе

Сони пикчрс одобрила прикажување на филмот „Интервју“

Американските кина велат дека компанијата Сони пикчрс одобрила прикажување на филмот „Интервју“, комедија за измислен заговор за атентат на севернокорејскиот диктатор Ким Џонг Ун, и покрај анонимните закани на интернет за напад врз кино салите за време на прикажувањето на филмот

прочитај повеќе

Почина актерот Васил Шишков

Вечерва почина актерот Васил Шишков. Шишков на македонската театарска сцена се појави во 1991 година, а има настапувано и во повеќе македонски филмови. Тој е роден 1970 година во Скопје

прочитај повеќе

Отворена читачка и дискусиона сесијa во Струга: Општество на мртвите поети

Викендов во Стуга ќе се одржи дискусиона сесија во насока на градење на отворено и современо општество. Струга во контекст на овој настан се поврзува како асоцијација на поетскиот сензибилитет и како реален простор во кој коегзистираат, соработуваат и се тријат националните спротивности

прочитај повеќе

Промоција на поемата „Пресуда“ од Џабир Дерала

Поемата „Пресуда“ е дел од проектот „Криптохроматик“ што Дерала го работи заедно со уметникот Мирослав Стојановиќ Шуки

прочитај повеќе

Поетски караван на ДПМ синоќа настапи во Ѓорче Петров

Поетскиот караван на Друштвото на писатели на Македонија (ДПМ) синоќа настапи во Центарот за култура на Општина Ѓорче Петров, каде што е сместена спомен – собата на големиот поет и академик Анте Поповски, долгогодишен член на ДПМ и во еден мандат, негов претседател

прочитај повеќе

Промоција на романот „Ѕвездите на Егер“ од Геза Гардоњи

Во Мултимедијалниот културен центар „Матица ексклузив“, во четврток, 4 декември, во 17:30 часот ќе биде промовиран романот „Ѕвездите на Егер“ од Геза Гардоњи, во превод на македонски јазик на Паскал Гилевски

прочитај повеќе

Тото на Калимегдан во рамките на „Belgrade Calling“

Во рамките на музичкиот серијал Blegrade Calling а во организација на Авалон, еден од најпознатите бендови „Тото“ ќе одржат концерт во Белград на 30-ти јуни на Калимегдан

прочитај повеќе

Промоција на „Пепелашка во хромиран ковчег“ од Звонко Карановиќ

Оваа книга поезија ќе биде промовирана во „Концепт 37“ (Рузвелтова 37, Скопје), вечерва со почеток во 20 часот

прочитај повеќе

Промоција на роман на Дејан Трајкоски

Вториот роман на новинарот Дејан Трајкоски "Неверство" ќе биде промовиран вечерва во 20 часот, во Галеријата на Младинскиот културен центар

прочитај повеќе

ГЕМ: Промоција на книга на Славчо Димитров

Во Клуб ГЕМ, четврток, 27, 11, во 19 часот се одржува промоција на книгата „Невозможни исповеди: Субјект, моќ и етика“ од Славчо Димитров

прочитај повеќе