03-03-2015 

Филмот на Младен Крстевски забранет во Велес?

од Александра Бубевска, НОВА | објавено на: 21-02-2013 15:07:04

Познатиот актер Младен Крстевски, кој е режисер на играниот филм "Старо купуем" вели дека е забранета премиерата на неговиот нов филм која била планирана за во библиотеката „Бели мугри“ во Велес.

Тој тврди дека зад бирократскиот лавиринт, стои политичка одлука неговиот филм да не се прикаже во Велес.

Од општината Велес соопштија:

"Младен Крстевски бараше од 24 февруари до 1 март, во шест врзани дена да ја користи салата што не беше можно, бидејќи според донесената одлука од страна на Советот на општината тоа е и единствената сала која може да се користи за одржување на трибини за време на изборните кампањи. Со него постоеа само преговори за нејзино користење, но немаше ниту одговор од наша страна на барањето, ниту пак воопшто постои договор. Ако му е важен токму тој датум, Крстевски може да ја користи и салата во велешкиот театар".

Филмот "Старо купуем" во Скопје ќе ја има својата премиера на 23 февруари во Домот на АРМ.


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на НОВА.

Останато од Култура

Почина ликовниот уметник Ристо Соколов Сокол

Посмртните останки на Ристо Соколов Сокол ќе бидат изложени утре (недела, 15 февруари 2015) од 11 до 12 часот во Градската капела во Кавадарци. Погребот е во 12 часот на Градските гробишта во Кавадарци

прочитај повеќе

Лазаров гостин на Чешкиот ПЕН

Македонскиот поет Ристо Лазаров, кој е член на Чешкиот ПЕН, до крајот на оваа недела во Прага, заедно со истакнати писатели од педесетина земји, учествува на прославата на 90-годишнината на Чешкиот ПЕН, формиран од светски познатиот класик Карел Чапек

прочитај повеќе

По повод 68 години постоење, ДПМ ќе ги врачи наградите за книжевни остварувања

Друштвото на писатели на Македонија ја одбележува 68-годишнината од своето формирање, а на свечениот собир што ќе се одржи в петок (13 февруари) во 12 часот во Домот на македонските писатели ќе бидат врачени наградите за најуспешни книжевни дела објавени во 2014 година

прочитај повеќе

„Сестрата на Зигмунд Фројд" ќе се објави во Индија, Либан и Етиопија

Според бројот на преводите на повеќе од 30 јазици во Европа, Азија, Африка, Северна и Јужна Америка, романот „Сестрата на Зигмунд Фројд“ на Гоце Смилевски е едно од најпреведуваните дела на 21 век.

прочитај повеќе

„Мајки“ на Милчо Маневски гостува во Линколн центарот во Њујорк

Филмот „Мајки“ на Милчо Манчевски следната недела ќе биде прикажан во Линколн Центарот во Њујорк. Се работи за домот на Њујоршкиот филмски фестивал и на Метрополитен операта

прочитај повеќе

Скулпторот Жарко Башески со изложба во Париз

Во престижната галерија „Хелен Нугаро“ која се наоѓа во непосредна близина на Богородичната црква Notre dame de Paris, во присуство на некои од најзначајните имиња на француската култура беше отворена изложбата „Адам и Ева – нов почеток“ на македонскиот скулптор Жарко Башески

прочитај повеќе

Tворештво на Љубиша Георгиевски сместено на ДВД и книга

Кинотека на Македонија изврши дигитализација на филмскиот опус на режисерот Љубиша Георгиевски и седумте филмски проекти ги смести на ДВД издание кое ќе биде промовирано в среда, во 12 часот во киносалата на Кинотека

прочитај повеќе

„Филхармонија на кирилица“ во четврток во МОБ

„Филхармонија на кирилица“ е насловот на претстојниот симфониски концерт на Македонската филхармонија, кој ќе се одржи во четврток во Македонската опера и балет во 20 часот и е дел од циклусот концерти посветени на македонското музичко творештво и исполнителство

прочитај повеќе

„Остави ме да дишам“ - порака на албанските актери која ја пренесоа во Тетово

Хамди Рашид, Вјолца Бектеши - Хамиди, Музбајдин Ќамили, Теута Ајдини Јегени, Светлина Каба Карага и Флора Кадри на сцената ја изведоа претставата за проблемите на едно семејство кое, меѓу другото, се соочува и со проблемот на загадениот воздух

прочитај повеќе

Академик Серафимовски донира портрет на Хусто Хорхе Падрон до писателите

Академик Томе Серафимовски по повод 68-годишнината од формирањето на Друштвото на писателите на Македонија, на македонската писателска асоцијација и донира портрет на големиот шпански поет Хусто Хорхе Падрон

прочитај повеќе

(ВИДЕО) Одбележана 95-годишнината од раѓањето на великанот Славко Јаневски

Македонска Академија на Науките и Уметностите и Општина Центар одбележаа 95 години од раѓањето и 15 години од смртта на основоположникот на современата македонска литература Славко Јаневски

прочитај повеќе

Читална Славко Јаневски: Одбележување на раѓањето на великанот

Oпштина Центар и МАНУ, денеска ја одбележуваат 95 годишнината од раѓањето и 15 годишнината од смртта на Славко Јаневски. Академик Томе Серафимовски ќе и подари на општината седум скулптури. Настанот е во Читалната во Центар Славко Јаневски, во 12 часот

прочитај повеќе

Христина Ивановска и Јане Чаловски на Венециското биенале

Ликовните уметници Христина Ивановска и Јане Чаловски се годинашни македонски претставници на Венециското биенале. Нивниот проект „Ние сите сме сами во ова“ го предложила Националната галерија на Македонија. Куратори ќе бидат Башак Шенова од Турција и Маја Чанкуловска-Михајловска

прочитај повеќе

Романот „Дваесет и првиот“ од Томислав Османли ќе биде објавен и на руски

Романот „Дваесет и првиот“ на Томислав Османли, следната година ќе биде објавен на руски јазик. Московскиот издавач „Центар на книгата Рудомино“, застапуван од неговиот генерален директор Јевгениј Резвиченко неодамна потпиша договор со авторот на наградениот македонски роман. Договорот предвидува првото издание да биде објавено во тираж од 3000 примероци

прочитај повеќе

Хелсиншкиот комитет стартува со е-магазинот „Има ли будни...“

Комитетот апелира младите да се охрабрат да пишуваат за нивните проблеми и да бидат креативни во презентирање на решенија или предлози за подобрување на состојбите

прочитај повеќе

Сони пикчрс одобрила прикажување на филмот „Интервју“

Американските кина велат дека компанијата Сони пикчрс одобрила прикажување на филмот „Интервју“, комедија за измислен заговор за атентат на севернокорејскиот диктатор Ким Џонг Ун, и покрај анонимните закани на интернет за напад врз кино салите за време на прикажувањето на филмот

прочитај повеќе

Почина актерот Васил Шишков

Вечерва почина актерот Васил Шишков. Шишков на македонската театарска сцена се појави во 1991 година, а има настапувано и во повеќе македонски филмови. Тој е роден 1970 година во Скопје

прочитај повеќе

Отворена читачка и дискусиона сесијa во Струга: Општество на мртвите поети

Викендов во Стуга ќе се одржи дискусиона сесија во насока на градење на отворено и современо општество. Струга во контекст на овој настан се поврзува како асоцијација на поетскиот сензибилитет и како реален простор во кој коегзистираат, соработуваат и се тријат националните спротивности

прочитај повеќе

Промоција на поемата „Пресуда“ од Џабир Дерала

Поемата „Пресуда“ е дел од проектот „Криптохроматик“ што Дерала го работи заедно со уметникот Мирослав Стојановиќ Шуки

прочитај повеќе

Поетски караван на ДПМ синоќа настапи во Ѓорче Петров

Поетскиот караван на Друштвото на писатели на Македонија (ДПМ) синоќа настапи во Центарот за култура на Општина Ѓорче Петров, каде што е сместена спомен – собата на големиот поет и академик Анте Поповски, долгогодишен член на ДПМ и во еден мандат, негов претседател

прочитај повеќе