04-03-2015 

Надежта за медиумска слобода урната во Македонија

од НОВА | објавено на: 12-07-2013 12:21:24

  • Помалку од една недела по заминувањето на известувачот, провладините медиуми – односно сите мејнстрим медиуми – организираа напад врз специјалниот известувач на ОН, Ла Ру
  • Заклучоците од мисијатана Ла Ру беа дека иако правната рамка за медиумска слобода во Македонија е задоволителна, политизираната пракса сериозно загрижува
  • Во март годинава, Никола Младенов, газдата на весникот Фокус, еден од последните печатени критични медиуми, почина во необјаснета сообраќајна несреќа
  • Привремениот притвор на Кежаровски беше продолжен за дополнителни 30 дена, а на известувачот од ОН не му беше дозволено да го посети во затворот

Автор: Тања Милевска

На 21-ви јуни, на македонските новинари, интелектуалци, уметници и слободари им олесни за миг. Специјалниот известувач на Обединетите Нации за промоција и заштита на слободата на мисла и изразување, Франк Ла Ру, го посети Скопје и ја одржа една од најотворените и најчесните прес конференции за слобода на медиуми што сме ја виделе во години.

Заклучоците од неговата мисија беа дека иако правната рамка за медиумска слобода во Македонија е задоволителна, политизираната пракса сериозно загрижува. Еве неколку од главните точки кои ги истакна известувачот:

Најголемата критична телевизија, А1, беше затворена. После речиси едногодишен процес, по полициски упад и приведување на сопствениците, медиумот беше целосно затворен во 2011 поради даночна измама. Властите одбија плаќање на рати кое ќе му овозможеше на медиумскиот конгломерат и на новинарите да продолжат да работат.

Во март годинава, Никола Младенов, газдата на весникот Фокус, еден од последните печатени критични медиуми, почина во необјаснета сообраќајна несреќа. Остануваат многу мистериозни прашања околу несреќа – зошто не е пронајден неговиот мобилен телефон, и покрај тоа што истрата првично соопшти дека телото било пронајдено благодарение на мобилниот сигнал? Зошто истрагата не собира докази од патарините низ кои поминал Младенов таа ноќ? Зошто камерите на патарините не функционирале? Властите и натаму го третираат овој случај како банална сообраќајка, создавајќи се поголем сомнеж кај јавноста. Во меѓувреме неговиот дневен Фокус замина со него. Неделната верзија ќе се печати повторно од оваа седмица благодарение на поддршката на Фондацијата Отворено Општество. Но, до кога?

Истражувачкиот новинар, Томислав Кежаровски, беше уапсен на крајот на мај за наводно откривање на идентитетот на заштитен сведок во кривична постапка од 2008, сведок кој потоа се испостави дека е лажен, и незаштитен во периодот на објавувањето на новинарскиот текст. Привремениот притвор на Кежаровски беше продолжен за дополнителни 30 дена, а на известувачот од ОН не му беше дозволено да го посети во затворот.

Повикувајќи се на неговото лично искуство од Гватемала, Ла Ру објасни како и во неговата земја, оние кои ги откриваат нарушувањата на човековите права се етикетираат како предавници на државата. Конечно сите ние “предавници“ се почувствувавме разбрани и се понадевавме дека владата ќе обрне внимание, бидејќи таа самата и го покани Ла Ру да дојде.

Но, и тоа беше преголемо барање.

Помалку од една недела по заминувањето на известувачот, провладините медиуми – односно сите мејнстрим медиуми – организираа напад врз Ла Ру, врз основа на овој текст (http://dailycaller.com/2011/10/27/un-internet-agenda-tied-to-george-soros/). Со денови едниствено што можеше да се слушне е дека Франк Ла Ру е “платеник на Џорџ Сорос“. Колку и ова да звучи чудно за странската јавност, македонската влада успеа последниве години да наметне идеја дека унгарскиот милијардер би бил на некој начин поврзан за македонската опозиција и дека охрабрува некаков обид за насилна промена на демократски избраната влада на Никола Груевски, иако голем број на членови на партијата на власт во минатото уживале во Соросовите пари за разни проекти.

Опсесијата со овој заговор стана толкава што провладините медиуми измислија и посебен збор – “Соросоиди“- за критичните новинари и невладините организации критични кон власта, без разлика дали истите воопшто добиле некогаш фондови од Фондацијата Отворено Општество. Тоа стана синоним за “предавник“ во секојдневниот говор.

Франк Ла Ру допрва треба да го напише својот извештај врз основа на собраните факти. Се плашам дека кога тоа ќе го стори, неговите заклучоци нема да бидат земени предвид од владата и од медиумите кои и се блиски. Тој е дискредитиран и ништо од тоа што ќе го каже или напише нема да направи разлика таму каде што треба. Исто како што ништо од тоа што ние предавниците го пишуваме не прави веќе никаква разлика.

Она што е уште потрагично е што отвореноста на Ла Ру претставува нешто ново од страна на меѓународните организации. Тој се фокусираше исклучиво на слободата на медиуми без никаква политичка агенда во позадина.

За разлика од него, Европската Унија се покажа многу слаба во пренесувањето пораки до македонските власти кога станува збор за медиумските слободи. Се е извалкано од спорот со Грција околу името. Брисел е толку одлучен да го затвори прашањето што дипломатите и комесарите имаат тенденција да минимизираат секаква критика од страв да не изгубат влијание кај македонскиот Премиер.

Но, не би било фер да се поштеди македонската опозиција од секаква критика. СДСМ е во опозиција седма година по ред и не покажува знаци на излез од политичката апатија. Поранешниот претседател на партијата, Бранко Црвенковски, кој ја напушти фунцкијата пред неколку недели, изрази жалење што не застанал поенергично во одбрана на А1 во 2011. Опозицијата ја гледа деградацијата на човековите права и медиумските слободи како се одвива пред нејзините очи со години. Дали е тоа затоа што се премногу консензуални или се плашат да заземат цврст став? Притворен новинар и мистериозната смрт на најголемиот бранител на слободата на говор, Никола Младенов, не се прашања кои смеат да се третираат лесно. Демократијата, вклучително слободата на изразување, мораат да претставуваат највисок национален интерес.

Сите релевантни играчи, дома и во странство, мора да се отрезнат и да ја стопираат ова авторитарна тенденција пред да биде доцна.

(Преведено од оригиналниот текст на англиски, објавен на 11 јули 2013 во Комитетот за Заштита на Новинари, со седиште во Њујорк.
http://cpj.org/blog/2013/07/hopes-dashed-again-for-more-press-freedom-in-maced.php)


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на НОВА.

Останато од Идеи

Новите средства за присилба кои може да ги користи полицијата

Физичка сила, полициска палка, средства за врзување на лица, уред за присилно запирање на возила, службено куче, хемиски средства, огнено оружје, како и посебни видови на оружје и експлозивни средства се средства кои можат да се употребат ако целта на постапувањето на полицијата не може да биде остварена на друг начин

прочитај повеќе

Добрата вест

Татјана Миљовска: Kриминалот кој ни е изложен до сега е сосема доволен сите ние уште веднаш да бараме оставка од оваа влада, за потоа сите тие по ред да си одговараат пред законот, пред Повисоката Инстанца

прочитај повеќе

#бомба6 Реакции на твитерџиите: Како ќе се погледнат во очи оговараните?

Наплив од коментарите на социјалните мрежи имаше и по денешната, шеста по ред т.н. „бомба“ на лидерот на СДСМ Зоран Заев, откако Заев објави 11 разговори за кои тврди како наводно вицепремиерот Зоран Ставрески и министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска потврдуваат меѓусебно дека економијата е во колапс, дека беспотребно се трошат милиони, но и тоа дека власта е забегана

прочитај повеќе

Цепки

Гордана Попсимонова: Им порачувам на оние неколкумина на кои им гори под нозете: Престанете да го браните неодбранливото. Престанете да нè напаѓате со докази за вашата безгрешност. Нема потреба. Ние сме веќе паднати на земја. Од смеење. Ниедна влада на светот не може да владее со народ кој ѝ се смее в лице

прочитај повеќе

Одбројување

Еден од десет сограѓани се спремаат повеќе да не живеат овде куферите им се спакувани билет, еден правец подалеку одовде „можеше да биде подобро

прочитај повеќе

Одбројување

Девет од десет сограѓани не го виделе мрачното лице на диктатурата, гледаат насмеани лица на тв вести. Шест од десет сограѓани не разбрале мешањето на столбовите на власта, а пет од десет сограѓани не научиле за местењето на избори. Еден од десет сограѓани се спремаат повеќе да не живеат овде

прочитај повеќе

Одбројување

Девет од десет сограѓани не го виделе мрачното лице на диктатурата, гледаат насмеани лица на тв вести. Шест од десет сограѓани не разбрале мешањето на столбовите на власта, а пет од десет сограѓани не научиле за местењето на избори. Еден од десет сограѓани се спремаат повеќе да не живеат овде

прочитај повеќе

(СТАВ) Премиере, вашите одговори беа незадоволителни

Штета што немаше повеќе време. Бидејќи има толку многу прашања кои би сакале да му ги поставиме на премиерот. Како пример она за „странските инвеститори“ од Белизе, Лугано и Панама и други сомнителни дестинации кои богами добро се офајдија од државните тендери и народните пари

прочитај повеќе

За човечето кое седи во премиерскиот кабинет

Мирјана Најчевска: Груевски ни соопшти дека барем во едно сигурно се точни прикажаните снимки – во простотијата и примитивноста и дека примитивизмот е карактеристика на високите функционери во власта и доказ дека се обични луѓе

прочитај повеќе

(СТАВ)10 причини зошто Студентскиот пленум денес смее и треба да се гордее

За првпат, од независноста до денес, студентите на јавна сцена демонстрираа демократска критичка мисла, придружена со артукилирана аргументација, конструктивен и аналитичен пристап

прочитај повеќе

Сотре

Ѕвездан Георгиевски: Самиот факт што за „збор на неделата“ го прогласуваме „сотре“ во неделата кога се доделуваа Оскарите и кога беше Прочка, доволно говори за општествената патологија во и со која сме принудени да живееме. Тажно, јадно, бедно...

прочитај повеќе

(ВИДЕО)„Коза Ностра“ со пародија за „Пуч“ на „Златна Бубамара на популарноста“

Екипата на „Коза Ностра“ на доделувањето на наградите „Златна Бубамара на популарноста“ каде што ја освои наградата за најдобар сајт направи пародија од обраќањето на премиерот Груевски по повод „Пуч“, а шеги паднаа и на сметка на некои медиуми и јавни личности

прочитај повеќе

Студентски пленум: За окупацијата… Или зошто никогаш нема да ви простиме?

Студентски пленум: Сепак, суровата реалност е дека протестите не вродија со плод и дека пошироката политичка ситуација придонесе да се случат т.н. (минимални) отстапки. Да не заборавиме, студентската Автономна зона и ден-денес не се емитува на ниту една од најголемите три македонски национални телевизии (МРТ, Сител и Канал5) чие спомнување во понатамошниот текст ќе биде излишно и непотребно бидејќи со секој нов ден тие стануваат се поирелевантни

прочитај повеќе

Царот е гол, ама не е готов

Ивор Мицковски: Груевски доживеа невиден кикс, на Заев проклето му се посреќи. Ваква работа, вакви материјали, настрана што во нормални држави не се случуваат, кај ненормалните, се случуваат еднаш во историјата на режимот

прочитај повеќе

Студентите можат!

Се чини и власта и опозицијата се затекнати од Студентскиот пленум и Автономната зона. По првичните обиди за делегитимизација на Студентски пленум од страна на провладини медиуми преку тврдењата дека СДММ стои зад сето тоа, МОН ретерира и го прифаќа Студентскиот пленум како легитимен претставник на студентите

прочитај повеќе

Доказите се секаде околу вас, господине Хан

Последните изјави на комесарот Хан за Србија и за Македонија покажуваат дека ЕУ за жал продолжува со својата политика на игнорирање на загрижувачките трендови на Балканот

прочитај повеќе

Хроника на една смрт: Случајот Тамара и кој стои зад нашата трагедија

Тамара не е единствен трагичен случај на оваа власт. И ден денес пред очи ми е ликот на малата Стефанија, малата убавица со кадрава коса и прекрасни очи, во моментот кога заминував од нејзината куќа, а таа стои зад завесата и ми мафта со рака во знак на поздрав. Тоа беше нашата последна средба пред да замине во Холандија, а потоа и засекогаш од овој свет. Фондот за здравство долго калкулираше со парите, се изгуби скапоцено време

прочитај повеќе

Телефон

Ѕвездан Георгиевски: Со ова и вакво прислушување не се штити никаков систем и никаков уставен поредок, туку се штити сопствената позиција на главен мајстор на општествената манипулација

прочитај повеќе

Казино Македонија: шпиони, предавници и патриоти

Елена Б. Ставревска: Останува да се види дали опозицијата ќе успее да го обликува целокупниот наратив на начин кој би ги обединил обичните граѓани и би ја надминал општествената поларизација. Она што е сепак сигурно е дека, за разлика од состојбата во македонскиот фудбал, политички, сведоци сме еден од ако не и најинтересниот период во историјата на земјата од нејзината независност

прочитај повеќе

Домашните туристи лани со четврт милион помалку ноќевања oд кризната 2009

Странските туристи не доаѓаат на класичен одмор во земјава, туку тие во најголем дел доаѓаат заради кратки деловни патувања, шопинг тури или територијата на Македонија ја користат за транзит

прочитај повеќе