19-12-2014 

Репортери без граници: Пресудата ќе го затвори последниот независен неделник

од НОВА | објавено на: 21-01-2014 09:35:12

Репортери без граници силно го осудуваат судското малтретирање на Фокус, една од последните независни публикации во Македонија.

- Уште еднаш судот во Скопје го осуди Фокус на несразмерно висока парична казна што, се чини, дека има за цел да се затвори последниот независен неделник во Македонија.

- Ако правда мора да биде спроведена, и нормално е дека клевета треба да биде санкционирана со закон, судијата мора да има на ум за што тука станува збор: за правото на јавноста да биде информирана од страна на независни извори на информации, кои се сѐ поретки во земјата.

- Во овој случај, ваквиот баланс не е почитуван и слободата на печатот повторно ќе страда. На земја рангирана на 116 место во последниот индекс на слободата на светскиот печат, не и треба уште една деградација, се вели во реакцијата на Репортери без граници, меѓународна организација фокусирана на заштита на слободата на медиумите за последната пресуда за клевета против новинари на неделникот Фокус по тужба на шефот на ДБК Сашо Мијалков.


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на НОВА.

Останато од Македонија

Видео апел од Канада: Рацете подалеку од ГТЦ

Во поддршката за сочувување на ГТЦ, авторско дело на легендарниот архитект Живко Поповски, се вклучи и реномираниот Проф. Др. Кирил Трпков, кој од Канада преку видео споделено на социјалната мрежа Фејсбук го аргументираше својот став, апелирајќи: Рацете подалеку од ГТЦ!

прочитај повеќе

"Загриженост за назадување на демократијата"

Заеднички беше споделена загриженост за назадувањето на демократските процеси во државата, соопштува СДСМ за средбата на двоецот Заев- Шеќеринска со директорот во Стејт департментот за јужна и централна Европа, Томас Јаздгерди

прочитај повеќе

Висока школа за новинарство: Закана за академската слобода е немање дебата

Недостатокот на дебата за круцијални прашања од јавен интерес како што е високото образование и формалниот временски период кој им се остава на високообразовните установи да се произнесат по предложените реформи е очигледна закана за нивната академска слобода

прочитај повеќе

Дури и даночни оази го потпишале договорот со САД кој не го парафира Македонија

Според податоците на„Форбс“ околу 77.000 финансиски институции во повеќе од 80 нации го потпишале договорот, а меѓу нив дури и земјите како Британските девствени острови, Кипар, Лихтенштајн и Швајцарија кои се познати како даночни-оази

прочитај повеќе

СДСМ: Лустрацијата на власта и служи за сатанизација на неистомислениците

- Одговорноста за политичкиот линч на неистомислениците со власта, преку процесот на лустрација, паѓа исклучиво на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски, смета СДСМ

прочитај повеќе

СДСМ го прашува Груевски чии банкарски сметки крие

Само македонската Влада во Европа не потпишала договор со САД со кој се оневозможува Американци да го кријат имотот на странски офшор-сметки, обвинува опозицијата

прочитај повеќе

Спасов: Me лустрираа затоа што им дадов поддршка на студентите

Се тврди дека на некој општински полицаец сум му дал информација за постоење на анархолиберали меѓу новинарите на тогашниот весник „Студентски збор“. Поголема глупост не можел да измисли ниту тој, ниту комисијата, вели Спасов

прочитај повеќе

Лустриран Ѓорѓи Спасов

При проверката на документите Лустрациската комисија увидела дека името на Спасов фигурира во три лични досиеја од кои лустраторите заклучиле дека ексамбасадорот бил соработник на поранешната Служба за државна безбедност

прочитај повеќе

Путин: Македонија и Грција може да бидат главна траса за „Јужен тек“

Претседателот на Русија Владимир Путин посочи дека Македонија и Грција може да бидат алтернативи за Бугарија за „Јужен тек“

прочитај повеќе

Хелсиншкиот комитет за човекови права обележа 20 години постоење

Кога зборуваме за човековите права, дел од граѓаните велат дека прво помислуваат на Хелсиншкиот комитет и обратно. Вчера, оваа невладина организација обележа дваесетгодишнина од своето постоење

прочитај повеќе

Иванов ја доделува „Повелба на Република Македонија“ на Еврејската заедница

- Признанието „Повелба на Република Македонија“ на Еврејската заедница и се доделува за долгогодишната работа и дејствување во Република Македонија, со што даде значаен придонес во градењето на македонскиот модел на соживот и демократското општество, соопштува Кабинетот на Иванов

прочитај повеќе

Инспекторите го казнија Жерновски со уште 4.000 евра

Инспекцијата затекнала одредени лица во ходниците на Општина Центар неколку дена пред да бидат вработени преку агенција за привремени вработувања

прочитај повеќе

ВМРО НП: Бизнисмените во странство да докажат патриотизам со инвестиции во Р.М

ВМРО-Народна ги повикува македонските бизнисмени нивниот искрен патриотизам да го докажат со инвестирање во разни економски проекти во Македонија, а не да се занимаваат со создавање на паралелни цркви и присвојување на храмови изградени со пари од верниците

прочитај повеќе

(Обновено)Војници спијат и се греат во шатор оти кичевската касарна нема струја

Голем шатор, а во него „распослани“ ќумбиња на дрва. Тука се грееме, спиеме, готвиме, вака раскажува војник за НОВА кој што работи во касарната во Кичево. Касарната веќе една недела е без струја

прочитај повеќе

Иванов: Пред 7 месеци ги поканив политичките лидери на разговор, не се одзваа

-Како претседател пред 7 месеци ги поканив политичките лидери, вклучувајќи ги и господинот Заев и господинот Ахмети да разговараме за интересите на државата. Тие се уште не се одзваа на поканата, која е отворена, посочи претседателот Ѓорге Иванов на денешното обраќање во Собранието.

прочитај повеќе

Реакции на политичките партии за годишното обраќање на Иванов во Собрание

Настапот на претседателот Ѓорѓе Иванов пред пратениците во Собранието помина со монопартиско присуство, бидејќи тој е нелегитимен претседател, изјави Артан Груби од ДУИ. Според СДСМ пак, Иванов денеска покажал дека Македонија нема претседател на чело на државата

прочитај повеќе

СДСМ: Иванов денеска потврди дека Македонија нема претседател

- По 5-те години скриен во фотелјата на Водно, изгласан на криминални избори, Иванов денеска пред мнозинството на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ се осмели да предава за демократија и дијалог во 2015 година, реагира најголемата опозициска партија СДСМ

прочитај повеќе

Пендаровски: Владата е најголем противник на македонската слобода и демократија

Ниту ќе помага некој од надвор, ниту не’ загрозува некој од надвор. Самите мораме да излеземе од оваа кал во која не’ втурна оваа мала група во Скопје, која ја узурпираше политичката власт, изјави на денешната трибина во Охрид Стево Пендаровски, носителот на столбот Партнерства за демократска Македонија при СДСМ.

прочитај повеќе

НОВА и уште 8 портали усвоија Принципи за фер употреба на туѓа содржина

Принципите први ги прифатија порталите „НОВА“ (novatv.mk), „Плусинфо“ (plusinfo.mk), „А1он“ (a1on.mk), „Фокус“ (fokus.mk), „МКД“ (mkd.mk), „ИТ“ (it.com.mk), „Кумановоњуз“ (kumanovonews.com), „Либертас“ (libertas.mk) и „Порталб“ (portalb.mk)

прочитај повеќе

Уште 50.000 евра за владини спотови за здрава храна

Владата годинава веќе потроши точно половина милион евра за оваа кампања

прочитај повеќе