19-04-2014 

Предлог на ВМРО - ДПМНЕ за излез од кризата

од НОВА | објавено на: 25-02-2013 14:45:22

Владејачката партија со предлог до опозицијата да се врати во изборниот процес.
Предлозите ги соопшти Зоран Ставрески, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ:

1. Утврдување на нов рок за доставување на листите за кандидати за советници и листите за кандидат за градоначалник кој би траел до 03.03.2013 година (недела) во 24 часот. Во овој рок сите политички партии ќе можат да ги достават листите. Оваа постапка би се овозможила со интервенција во преодните и завршни одредби на Изборниот законик и би се однесувала само за овие локални избори. Ако СДСМ денес го прифати овој предлог, утре на итна седница Собранието на Република Македонија би ги усвоило измените на Изборниот законик и тие би стапиле на сила веднаш.

2. Во насока на надминување на политичката состојба, високо значење и позитивни резултати би имало и доколку СДСМ донесе одлука за враќање во нормална работа на нејзината пратеничка група во Собранието на Република Македонија, со што би продолжил политичкиот дијалог по сите важни прашања. Воедно, заеднички, во утрешниот ден би ги усвоиле измените на Изборниот законик со кои се утврдува нов рок за доставување на листите за кандидати за советници и кандидат за градоначалник од страна на политичките партии.

3. Во врска со настаните од 24.12.2012 година ВМРО-ДПМНЕ предлага формирање на Комисија која би имала надлежност да ги утврди сите причини, аспекти и настани кои доведоа до конкретната ситуација, по примерот на сите демократски држави каде секогаш се формираат комисии после случување на слични настани. Исто така , како што веќе се изјаснивме, за ВМРО-ДПМНЕ е прифатлива и опцијата, односно предлогот кој го понуди Претседателот Ѓорге Иванов.

Имајќи во предвид дека СДСМ бараше одложување на изборите со цел да има време да ги состави листите на кандидати за советници и градоначалници, со овој предлог на СДСМ му се овозможува цела една недела да го направи истото и да учествува на изборите без притоа да има потреба од одложување на изборите, што за ВМРО-ДПМНЕ е непотребно и неприфатливо. Ако е потребна една недела за подготовка на листите, СДСМ со овој предлог ја има, стои во предлогот од ВМРО - ДПМНЕ.

Претходно СДСМ упати предлог до ВМРО ДПМНЕ во петокот, во кој се бараше пролонгирање на изборите до 7 април, но ВМРО-ДПМНЕ експресно одби.


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на НОВА.

Останати вести на денот

Останато од Македонија

Иванов со честитка до сите христијански верници

- Христијанството нè поучува на почитување на духовните вредности, но и на човекољубие и милосрдие, посочувајќи дека сите сме исти пред Бога и дека љубовта, почитувањето на различните, семејните вредности и човечката добрина секогаш се возвраќаат

прочитај повеќе

Шуто Оризари остана без гинеколог

Жените се револтирани бидејќи се принудени да патуваат во други скопски населби каде што најчесто не ги примаат бидејќи лекарите го исполниле бројот на предвидени пациенти, а таму прегледите им ги наплаќаат. Оваа населба има околу 40 000 жители и ургентна потреба од гинеколог велат граѓаните на Шуто Оризари

прочитај повеќе

НСДП: Граѓаните треба да препознаат

Во право е ВМРО ДПМНЕ кога вели дека граѓаните треба да препознаат, па НСДП затоа потсетува на годините на владеење на ВМРО ДПМНЕ за полесно да се препознае лицето на оваа власт, се вели во соопштението на НСДП

прочитај повеќе

ВМРО ДПМНЕ со остра реакција на изјавата на Заев

Се работи за груби манипулации кои очајни политичари ги фабрикуваат во СДСМ незнаејќи како да се справат со хаосот, паниката и нервозата во своите редови, се вели во реакцијата на ВМРО ДПМНЕ на изјавата на лидерот на опозицијата Зоран Заев

прочитај повеќе

ВМРО ДПМНЕ ги помести митинзите поради велигденските празници

Поради почитта кон верските чувства на граѓаните кои овие денови ги прославуваат велигденските празници, ВМРО-ДПМНЕ во духот на демохристијанските принципи, одлучи да ги помести митинзите кои требаше да се одржат денеска (18.04.2014) во Македонска Каменица и Делчево и утре (19.04.2014) во Македонски Брод и Кичево и да ги замени со друг тип на активности, стои во соопштението од ВМРО – ДПМНЕ

прочитај повеќе

(ВИДЕО)Заев: Во нормална земја Груевски ќе си поднесеше оставка

Би рекол само дека нормално дека покрај Груевски таму се и гласовите на газда Нини и на соговорникот. Само еден дел се од Груевски, коишто недвосмислено, јасно покажуваат дека Груевски прави големи криминали и дека тоа е само почетокот на оваа криминална мрежа којашто денес управува со Македонија

прочитај повеќе

Ѕинго: СДСМ треба да одат во црква и да го поддржат ВМРО ДПМНЕ

-Опозоцијата треба да оди во црква, да се моли на Господ, да остане неколку години во опозиција и да ја поддржи програмата на ВМРО ДПМНЕ, тие мораат така за луѓето да им простат

прочитај повеќе

Трајчевски ги нападна Телма и 24 Вести- телевизиите велат манипулира

„Трајчевски манипулира со факти и му се причинуваат анкети“, овјави Телма откако по негово инсистирање во записник влезе дека првпат од осамостојувањето на Македонија е забележан обид за изборна манипулација со гласачите преку презентирање на анкети

прочитај повеќе

Демант на премиерот Никола Груевски за прес - конференциите на лидерот на СДСМ

Адвокатската канцеларија Никола Додовски која е ополномоштена од премиерот Никола Груевски испрати демант до медиумите за информациите објавени на прес конференции од страна на лидерот на опозицијата Зоран Заев во изминатите три дена, а во кои тој обвини дека Груевски земал поткуп од продажбата на Македонска банка во износ од 1.5 милиони евра

прочитај повеќе

Зврлевски: Основниот јавен обвинител не ме информирал дека има основ за истрага

„Не сум ги слушнал снимките но, по принцип на хиерархија надлежен е Основниот јавен обвинител, тој до сега не ме има информирано, а би ме информирал доколку постои основа на сомневање да се преземе мерка по допрен глас (без поднесена пријава)“, вели во изјава за НОВА, јавниот обвинител Марко Зврлевски

прочитај повеќе

Дали одземањето на пасошите на барателите на азил во ЕУ е неуставно

Судиите во Уставниот суд ја прифатија иницијативата за оценување на уставноста на измената на Законот за патни исправи која се однесува на барателите на азил вратени од земјите на ЕУ, поднесена од Самка Ибраимовски

прочитај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Разговорот на Груевски монтиран, Заев ќе добие тужба

Ги демантираме сите наводи искажани од Зоран Заев; Целосно се неточни и целосно измислени; се работи за класична монтажа за нешто што во најголем дел не ни наликува на гласот на Никола Груевски, е ракцијата на ВМРО-ДПМНЕ по аудио-снимката од СДСМ, според која Груевски ја договорал продажбата на Македонска банка

прочитај повеќе

Потрагата по работниците кои паднаа во Вардар е во тек

Утрово во 10 часот на Железничкиот мост во село Долно Лисиче кон Јурумлери, двајца вработени во Македонски железници кои изведувале работи паднале во рекатата Вардар

прочитај повеќе

ПОА прашува зошто нивниот архиепискот не бил донесен на суд

Според приврзаниците на владиката Јован, претресот бил одложен бидејќи, иако поканет од судот, нивниот архиепископ, којшто се наоѓа во затворот во Идризово, од необјасниви причини не бил донесен од страна на затворските власти

прочитај повеќе

Уставен: Отстранување на новинарите од Собранието било поради нивна безбедност

Барањето е одбиено оти судот проценил дека физичкото отстранување на новинарите од галеријата на собраниската сала настанало поради конкретна ситуација на ескалација на хаос и безредие, а целта била да се заштитат новинарите и да се обезбеди ред во салата

прочитај повеќе

Фокус: Како Заев ќе се справи со несреќата на изборната касапана?

Заев повеќепати ја опиша изборната „демократија“ на Груевски како касапана, а, сепак, имал големи очекувања од првиот претседателски изборен круг!? Како ќе се справи со несреќата?

прочитај повеќе

ТИМ: медиумското покривање не беше непристрасно

„Нашето мониторирање покажа дека набљудуваните медиуми, општо земено, не обезбедија објективно и балансирано покривање на кампањата“ - изјави Расто Кужел, експерт за медиа мониторинг од МЕМО 98.

прочитај повеќе

Никола Груевски ќе му поднесе тужба за клевета на Заев

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски од никого и никогаш нема земено никакви пари, ниту пак бил сопственик на посочените фирми. Ниту ја купувал, ниту ја продавал Македонска Банка, вели ВМРО-ДПМНЕ. Зоран Заев измислува и халуцинира

прочитај повеќе

Избирачки список: Скопјанец откри цело семејство регистрирано на неговата адреса

На зграда во Кисела вода со два влеза додаден е трет влез во избирачкиот список и на него фиктивни жители-гласачи. На друга адреса ЦИВИЛ открива дека во станот на скопјанец е регистрирано уште едно цело семејство кое тој не го познава ниту пак живее во неговиот дом

прочитај повеќе

Дол: Обама ни рече дека Балканот е експлозивен!

"На Балканот ситуацијата е експлозивна. Ако таму не помогнеме да се воспостави правна држава, тогаш големиот бандизитам, олигархијата и корупцијата ќе продолжат. И нема да може повеќе да се менаџира. Ако вака се продолжи ќе имаме таму револуција и се надевам дека нема да биде војна", вели Жозеф Дол.

прочитај повеќе