01-11-2014 

До 30 јуни краен рок за електронска здравствена картичка

од НОВА | објавено на: 27-04-2013 14:57:04

Сите граѓани, физички и правни лица во Македонија најдоцна до 30 јуни треба да ги достават податоците кои се потребни за добивање електронска здравствена картичка. За сите големи и средни претпријатија кои имаат над 20 вработени од 29 април постапката за издавање на електронска здравствена картичка е значително олеснета, односно може да се поднесуваат групни барања и групни уплати.

Ова денеска на прес-конференција го истакнаа министерот за здравство Никола Тодоров и директорот на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, Јован Грповски.

Министерот Тодоров рече дека по 30 јуни сите кои немаат поднесено апликација за добивање електронска здравствена картичка повеќе нема да добиваат сини картони односно доколку имаат потреба од нив ќе треба да дојдат на шалтерите на Фондот да ги подигнат лично. При подигнувањето на картоните, посочи тој, ќе имаат обврска да ја поднесат апликацијата за електронската здравствена картичка.

- Досега има над 600.000 исперсонализирани податоци и околу 250.000 картички кои се во продукција. Тоа значи дека 850.000 граѓани во Македонија веќе доставиле податоци или добиле електронска здравствена картичка. Остануваат уште еден милион граѓани да достават податоци. Околу 100.000 картички ќе бидат целосно исперсонализирани до крајот на овој или во почетокот на наредниот месец. Имаме собрано дополнителни 150.000 податоци кои се спремни за персонализирање, потенцира Тодоров.

Капацитетот на компанијата која ги печати или ги персонализира електронските здравствени картички, информира министерот, е од 120.000 до 150.000 картички месечно.

- Оние кои поднеле апликација за добивање електронска здравствена картичка до 30 јуни, а се уште ја немаат добиено бидејќи истата се уште не е исперсонализирана поради физичкиот обем на машината која толку може да постигне, тие повторно ќе добиваат сини картони. Тоа значи дека имаме рестриктивна мерка со цел да ги натераме сите осигуреници во Македонија - околу 1,8 милиони, да поднесат апликација за издавање електронска здравствена картичка, истакна Тодоров.

Тој додаде дека електронска здравствена картичка ни е пресудна за да можеме целосно да го користиме интегрираниот здравствен информатички систем особено во делот на закажувањето, електронското упатување и електронските рецепти, нешто што треба да ги намали турканиците во јавните здравствени установи и да овоможи собирање на точна здравствена статистика која потоа ќе се користи при креирање здравствени политики.

- Досега над 300.000 лица имаат подигнато електронска здравствена картичка. За целосно да биде во функција системот нашиот таргет е да бидеме над 1.000.000 издадени картички и тогаш ќе може да кажеме дека најголемиот дел од осигурениците во Македонија имаат картичка и можеме да се потпреме на оваа алатка во здравството, рече Тодоров.

Директорот на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, Јован Грповски информирајќи за измените во Правилникот за електронската здравствена картичка, рече дека големите и средни претпријатија електронски треба да го пополнат групното барање за издавање електронска здравствена картичка кое може да се преземе од веб страната на Фондот.

- Претпријатијата од истата е-маил адреса од која го доставиле барањето ќе добијат известување од Фондот за валидноста на податоците и доколку се сите полиња се пополнети и се совпаѓаат со нашата постојна евиденција ќе се поднесе и отпечатен образец до подрачната служба на Фондот. Ако податоците не се совпаѓаат на повратниот е-маил ќе се добие точна информација кои податоци и во кој дел не се совпаѓаат и како да се најде начин тие да се надминат, посочи Грповски.

Тој додаде дека доколку од кои било причини овластеното лице од претпријатието не е во состојба да гарантира за валидноста на податоците тогаш постои опција да се поднесе групно барање, но на класичен начин со прилог на шалтер каде треба да се приложи фотокопија од лична карта и задолжително изјава за согласност за фотокопијата.


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на НОВА.

Останати вести на денот

Останато од Македонија

Алаѓозовски: Цензурата на критичката уметност станува тажен тренд во Македонија

Според Алаѓозовски, забраната и цензурата на овој тип уметност ја става нашата земја во редот на светските диктатури и создава многу лоша слика за Македонија

прочитај повеќе

НВО Коалиција на Египќани незадоволни од правата бараат итен прием кај Груевски

Итен прием кај премиерот Никола Груевски со цел да се разговара за дискриминацијата со која се соочуваат Египќаните во охридско и пошироко бара НВО Коалицијата на Египќаните

прочитај повеќе

СДСМ претстави пет столбови за намалување на јазот меѓу богатите и останатите

Фер распределба на доходот во Македонија не може да се обезбеди со програми во 100 чекори, надградени и проширени, се додека постојат механизми кои ја создаваат нееднаквоста, посочува Тевдовски, претседател на Комисијата за економија при СДСМ

прочитај повеќе

Атина не открива дали Столтенберг разговарал за прашањето со Македонија

Провладиниот грчки весник „Катимерини“ наведува дека Македонија не била јавно спомената на разговорите помеѓу новиот генерален секретар на НАТО и грчкиот државен врв; само провладиниот „Катимерини“ наведува Македонија не била јавно спомената

прочитај повеќе

Претставници на студентите на разговор со ректорот на УКИМ

Двајца претставници од студентите кои денеска се собраа пред Ректоратот на УКИМ се повикани на разговор со ректорот Велимир Стојковски за да ги искажат своите ставови во врска со екстерното тестирање, јавува репортерката на НОВА Славица Филиповска

прочитај повеќе

Средба Иванов - Николиќ

Билатералните односи, евроатланските интеграции и состојбите во регионот ќе бидат дел од темите за кои ќе разговараат претседателите на Македонија и Србија, Ѓорге Иванов и Томислав Николиќ денеска во Белград

прочитај повеќе

„Студентски пленум“ ги повикува студентите на собир за екстерното тестирање

Целта на собирот, велат од таму, е да го поддржат предлогот прашањето за екстерното тестирање да се најде на дневниот ред на заседанието на Сенатот УКИМ и истиот да заземе став

прочитај повеќе

„Лајм“: Тензично во ДУИ, не се исклучуваат насилни судири

Тензично во огранокот на ДУИ во Тетово. Напнатоста помеѓу военото и не-военото крило ескалираат по најавите дека претседателката на Општината Теута Арифи има намера да ја добие и позицијата на Претседателка на тетовскиот партијски огранок

прочитај повеќе

Завршено вештачењето на проектилите пронајдени во зградата на Владата

Балистичкото вештачење за насоката од која се истрелани двата проектили кои вчера беа пронајдени во зградата на Владата е завршено, како и калибарот од остатоците а за тоа е информирано Јавното обвинителство, инфомира МВР

прочитај повеќе

Нови 664 милиони евра од ЕУ за Македонија

Македонија ќе има на располагање 664.2 милиони евра пари од Европската унија преку ИПА програмата за наредните седум години. Македонија треба да ги искористи во четири приоритетни области

прочитај повеќе

Жестока дебата за екстерното тестирање на студентите

Невладините реагираат, студентите изостанаа, а дел од универзитетите му честита на министерот Абдулаќим Адеми за реформата за екстерното тестирање на студентите, според која тие ќе треба да полагаат државен испит на крајот од втората и четвртата година

прочитај повеќе

Фондацијата „Трајче Мукаетов“ додели нови 40 стипендии

По 6.000 денари во следните 12 месеци ќе добијат 20 студенти на Фармацевтскиот и 20 студенти на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“

прочитај повеќе

СДСМ предлага нови мерки за намалување на загаденоста на воздухот во Скопје

Субвенционирање на граѓаните од страна на градот, коишто ќе се одлучат греењето да го вршат на нови и чисти извори на енергија и бесплатен јавен превоз не после десетиот ден туку многу порано, се предлозите на најголемата опозциска партија

прочитај повеќе

Почина академикот Благој Попов

Македонската академија на науките и уметностите со жалење ја информира јавноста дека денес почина академик Благој Попов, член на МАНУ од 1967 година

прочитај повеќе

Вкупно 1396 решенија за легализација издал Жерновски од мај 2013 до сега

- Ова е една од најзначајните активности на општината...најавив остро темпо, но го реализираме ветеното. И покрај сите опструкции, успеавме да изготвиме двојно повеќе решенија од претходната локална власт, изјави градоначалникот на Центар

прочитај повеќе

Премиерот и министрите денеска ќе одговараат пред пратениците во Собрание

Според Деловникот седница за пратенички прашања се одржува секој последен четврток во месецот, освен доколку Премиерот и министрите немаат некои неодложни обврски

прочитај повеќе

Сараево: Македонски државјани фатени со хероин

Македонските државјани Шабан Х. и Индриз Ш. од Гостивар уапсени се со повеќе од еден килограм хероин на меѓународната автобуска станица на во општина Ново Сараево

прочитај повеќе

Студентите ќе бараат и професорите да застанат против екстерното тестирање

Студентите велат дека ќе побараат и од нивните професори да застанат зад иницијативата да се укине идејата за воведување на екстерно тестирање

прочитај повеќе

СДСМ: Наместо камена Фаланга, Груевски да ја модернизира Армијата

Веднаш и недвосмислено, Премиерот да ги реализира сите материјални обврски кон војниците, како и надоместоците за одвоен живот, апелираше денеска Максим Димитриевски, претседател на Комисија за одбрана при СДСМ

прочитај повеќе

МТСП: Храната во народните кујни постојано се контролира

Во овој случај контролата е направена и веднаш после сознанието дека доставената храна до народните кујни е со несоодветен квалитет, таа е повлечена и заменета со соодветна исправна храна, се вели во реакцијата на Министерството за труд и социјална политика

прочитај повеќе