23-05-2015 

Нов конфликт на релација ВМРО-ДПМНЕ- Жерновски

од НОВА | објавено на: 26-06-2013 20:06:34

Базенот „Плаја Виста“ -нов повод за високи тонови помеѓу ВМРО- ДПМНЕ и градоначалникот на скопски Центар Андреј Жерновски.

Владејачката партија го повика Жерновски да ја спречи урбаната мафија, односно Базенот „Плаја Виставо, после што градоначалникот соопшти дека инспекторите веќе дале налог за стопирање на изградбата и за отстранување на објектот .

Советникот на ВМРО-ДПМНЕ Томислав Лазаров побара од Жерновски да да ја спречи
дивоградбата:

-За оваа дивоградба која никнува во срцето на градот Скопје е донесено решение за стопирање на градбата, но Андреј Жерновски како градоначалник не постапува по истото. Дали зад оваа дивоградба стојат лица блиски до Жерновски и до функционери на СДСМ и дали бизнис интересите се единствената и најголема причина поради кој оваа дивоградба никнува?

Жерновски соопшти декаод изведувачот „СЕКТОР 909“ е побрано да го отстрани спорниот објект и да престане со градежните активности:

-Управителот Борче Гиновски до општина Центар испрати известување дека по приемот на решението постапил веднаш и сам го отстранил објектот и престанал да врши реконструкција на објектите околу базенот, самиот базен и земјиштето и дека не е потребно од страна на Општината присислно извршување. Значи не е точно дека ги игнорирам одлуките на службите и на граѓаните.

Сепак, ВМРО ДПМНЕ незадоволен од овој одговор повторно го повика на одговорност Жерновски:

-Градоначалникот на скопската општина Центар Андреј Жерновски наместо да даде одговори на конкретните прашања и конкретната состојба, се обидува да се испере од одговорноста што на територијата на неговата општина никнува дивоградба во комплексот базени „Плаја Виста”. Доволно е, тој утре да дојде на базенот и да види дека секојдневно таму се одвиваат градежни активности и наместо да се прекине изградбата на дискотеката, таа забрзано се подготвува да профункционира, реагираше ВМРО-ДПМНЕ.


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на НОВА.

Останати вести на денот

Останато од Македонија

Артан Груби: ДУИ не сака да придонесе за продлабочување на кризата

Артан Груби на австриски претставници им рече дека ДУИ се обидува да биде конструктивен дел на што побрзо решавање на политичката криза и истовремено да не придонесе за продлабочување на кризата.

прочитај повеќе

ВМРО НП ја поддржува идејата за предвремени парламентарни избори

ВМРО-Народна партија во пресрет на се поизвесното одржување на предвремени парламентарни избори, како единствен легитимен пат за излез од длабоката политичка криза во Македонија, дава целосна поддршка на оваа идеја, соопшти партијата

прочитај повеќе

Амбасада на САД: Апсурдни се тврдењата дека Западот прави дестабилизација во Р.М

Американската амбасада ги отфрла изјавите дека Западот е вмешан во заговор за дестабилизација на Македонија, а воедно и Мисијата на ОБСЕ во Скопје ги отфрла и не ги коментира изјавите на рускиот шеф на дипломатијата, Сергеј Лавров, дека Западот врши притисок врз Груевски

прочитај повеќе

Нема потврда од Цирих за дефект на владиниот авион

„Во моментов, во Сојузната канцеларија за цивилна авијација (FOCA) немаме известување за инцидент или какви било дополнителни информации. Исто така, не знаеме дали станувало збор за вистинско принудно слетување или слетување поради безбедносни причини“, вели FOCA

прочитај повеќе

Косово: Нова обдукција на телата на загинатите Косовци во Куманово

Нова обдукција во Косово ќе се прави врз телата на деветтемината убиени косовски Албанци, припадници на вооружената група која се судри со полицијата во Куманово

прочитај повеќе

Лајм: Ако Груевски ја прифати оставката на Мијалков, ДУИ излегува од владата

Оваа одлука ја затекнала неподготвена партијата, која се мобилизирала веднаш, за да најдат начин како да ја спречат оваа оставка

прочитај повеќе

Протестите на 5.мај: Деветмината демонстранти ја признаа вината

Сите обвинети се изјаснија дека се свесни за обвинението, дека се каат за постапката и дека вината ја признаваат без никаква закана

прочитај повеќе

Анима Мунди: Трајановски го игнорира барањето за затворање на Вардариште

Анима Мунди соопштува дека повеќе од два месеци градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски во целост го игнорирал нивното барање за средба на која здружението за заштита на животните сака да разговара за затворање на, како што велат, грозоморното место каде што масовно се убиваат бездомните кучиња

прочитај повеќе

Двајца полицајци “на посета“ во Цивил-Центарот за слобода

- Прашањата кои се поставија на вчерашниот „информативен разговор“ кој го изврши полицијата при својата визита во ЦИВИЛ, не би сакале да ги сметаме за форма на притисок и се надеваме дека, сепак, се работи за изолирана и случајна посета, се вели во соопштението на Цивил

прочитај повеќе

Започна судењето на деветмината демонстранти на протестите од 5.мај

Почна судењето на деветмината за протестите од 5.мај, од кои дури пет од нив се студенти. Тие се осомничени за „учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење службено дејствие“

прочитај повеќе

ВИДЕО: Заев оптимист по средбата со Груевски во Стразбург

Заев вели дека меѓународната заедница ќе се вклучи во лидерските преговори и очекува дека таа ќе испрати свој претставник кој ќе биде гарант за се што ќе биде договорено. Тој исто така најави објавување на нови "бомби" бидејќи јавноста мора да ја дознае целата вистина.

прочитај повеќе

Дефект на владиниот авион

Никола Груевски и неговата делегација се враќале од Стразбург но авионот морал принудно слета во Цирих поради дефект.

прочитај повеќе

Утре судење за девет лица по протестот од 5 мај

Утре ќе се одржи судење на девет лица за учество во толпа помеѓу кои е и еден член на Студентскиот пленум. Кривичната пријава е покрената по протестите од 5 мај истиот ден кога СДСМ ја објави «бомбата» за обидот за криење на убиството на Мартин Нешковски.

прочитај повеќе

Студентка со оштетен вид: Условите се тешки, лекциите ми ги чита мајка ми

Има 20 години, студира на музичкиот факултет со желба да стане пијанистка. Студентката Ема Ананиевска од Скопје е со сто процентно оштетен вид. Досега низ образовниот процес успеала да се снајде благодарение на нејзината мајка, која и ги читала сите белешки од лекциите

прочитај повеќе

Живко Митревски реизбран за претседател на ССМ

Сојузот на синдикатите на Македонија на денешниот 19-ти конгрес го избра новото раководство, а за претседател, како единствен кандидат го реизбра Живко Митревски, кој е на функцијата од октомври 2010 година

прочитај повеќе

Манчевски: Итно ослободување на студентите притворени од 5.мај наваму

Според Дамјан Манчевски, потпретседател на СДСМ, ослободувањето на притворените и повторното отворање на истрагата за убиството на Мартин Нешковски, само може позитивно да влијае на олабавување на политичката тензија којашто владее во државата

прочитај повеќе

ССМ избира раководство во Охрид, Митревски единствен кандидат за претседател

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) денеска во Охрид ќе го одржи 19-от конгрес на кој 113 делегати треба да изберат ново раководство

прочитај повеќе

Москва ја гледа Македонија поделена, Софија ги демантира изјавите на Лавров

Сергеј Лавров смета дека случувањата во Скопје се резултат на тоа што Груевски не ги прифаќал санкциите кон Русија, а Македонија била на раскрсница меѓу Албанија и Бугарија. Бугарија пак ги демантира изјавите на Лавров. НОВА побара реакција од македонското МНР, но засега се недостапни за коментар

прочитај повеќе

ЦИВИЛ бара ослободување на студентите

Цивил - Центарот за слобода бара веднаш да им се вратат телефоните на демонстрантите кои на 5.мај беа лишeни од слобода 24 часа

прочитај повеќе

Телата на загинатите терористи во Куманово испратени за Приштина

Македонските власти денеска на претставник на владата на Косово ќе му ги предадат телата на деветте убиени косовски државјани, кои беа дел од вооружената група со која македонските безбедносни сили водеа 26 часа војна пред десетина во Куманово

прочитај повеќе