Од:

Институтот за јавно здравје ќе го одбележи Светскиот ден на водата

Институтот за јавно здравје на Република Македонија ќе го одбележи Светскиот ден на водата, како и секоја година на 22 март. Годинава главниот настан е Саем на вода, а ќе биде на платото пред  Домот на АРМ каде што на штандовите на домашните производители на пакувана вода ќе добиете информации за квалитетот на водата што ја произведуваат. Саемот на вода е отворен за сите производители на пакувана вода кои сакаат да учествуваат.

На штандот на Институтот, пак ќе добите информации за тоа што е безбедна вода, што значи квалитет на вода, каде и како таа се испитува, за безбедноста на водата што ја пиеме, и препораки и совети за значењето на водата за здравјето воопшто.

Заедничката цел е да ја пренесеме пораката за оваа година, која што се однесува на отпадните води и преку кампањата  „Зошто отпадни води?“ да влијаеме на свеста кај луѓето за намалување на загадувањето, а значително зголемување на опциите за пречистување на загадените води на глобално ниво, се вели во соопштението на Институтот.