Од:

Исинбаева на чело на Надзорниот одбор на Русада

Елена Исинбаева е промовирана во претседател на Надзорниот одбор на Русада, руска анти-допинг агенција, чија цел ќе биде враќање на репутацијата на спортистите од земјата по бројните скандали за употреба на недозволени стимулативни средства. Некогашната атлетска шампионка во скок со стап е на чело на десетчлена комисија во која се академици, спортски работници и функционери од министерството за спорт.

Исинбаева беше дел од руската атлетска репрезентација што доби забрана за настап на Олимписките игри во Рио де Жанеиро поради раширена употреба на допинг средства иако, конкретно, не беше обвинета за вмешаност во било какви нелегални работи.

Таа од претходно е членка на Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) меѓутоа не и на Извршниот одбор на организацијата што во текот на денот го продолжи санкциите кон Русија по објавување на вториот дел на извештајот на Светската анти-допинг агенција (ВАДА).

Именувањето на Исинбаева на чело на Надзорнот одбор би можело да доведе до зголемување на тензиите со ВАДА што таа жеското ја критикуваше. Прва нејзина задача ќе биде да ја убеди ВАДА да ја врати акредитацијата на Русада за повторно да може да врши тестови. За такво нешто, пак, да се случи ВАДА порача дека е потребно „трансформација на рускиот допинг систем култура“.

„Ефикасноста со која ќе се спроведува борбата против допингот зависи од тоа кога Русада ќе добие нова потврда за придржување до прописите на ВАДА. Сакаме тоа да биде наша главна задача за што ќе вложиме максимални напори“, изјави Исинбаева.

Новиот извршен директор на Русада ќе биде избран на 15 декември.