Од:

Истекува рокот за даночните пријави, досега поднесени над 400.000

Бидејќи денеска (15 март) истекува рокот за поднесување на Годишната даночна пријава за поднесување на персонален данок на доход (образец ПДД-ГДП) за приходите остварени во изминатата 2016 година, даночните канцеларии на УЈП ќе работат до 20 часот.

Со цел граѓаните да можат да ја поднесат даночната пријава во законскиот рок, во УЈП ќе се работи со продолжено работно време.

Според последните податоци, поднесени се вкупно 403.316 Годишни даночни пријави.

Пријавите можат да се поднесат и преку пошта, преку е-Даноци за регистраираните корисници на електронските даночни услуги, како и во дополнителни шалтери во Скопје, лоцирани на приземјето на Дирекцијата за големи даночни обврзници (зграда на ССМ).