Од:

Истражители од СЈО во МПМ

Неколку истражители од Специјалното обвинителство во моментот се присутни во компанијата Медиа принт Македонија.

Неофицијално дознаваме дека СЈО има постапка со која се истражува финансиското работење на компанијата која ги поседува весниците „Утрински“, „Дневник“ и „Вест“.

Истовремено, работниците во весниците денеска излегоа на генерален штрајк во организација на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници.

Новинарите ќе штрајкуваат поради задоцнети плати, но и други проблеми при секојдневното функционирање на весниците. Непосредно пред штрајкот, вчера од компанијата своите удели ги продадоа „Орка холдинг“ на бизнисменот Јордан Камчев и „Интернет Инвестмент Груп“ чиј што сопственик е Јана Станисаљева.