Од:

„Итака“- поема од Ило В. Гајтаноски во издание на „Слово“

Деновиве, издавачката куќа „Слово“ од Скопје, ја објави најновата книга на Ило В. Гајтаноски, поемата „Итака“.  Гајтаноски е автор на неколку забележителни прозни и, особено, поетски остваувања. Со своите епски писма, тој потсетува на големата светска традиција. Неговата омилена лектира е Хомер.

Во најновата книга, Гајтаноски, како Одисеј кај Хомер, трага по сопствената Итака, по детството и по корените, по навидум ситните нешта од сеќавањата кои, меѓутоа, се скапоцени за човековата опстојба. Книгата на Гајтаноски носи свежина на поет со неистрошен јазик и со раскошна емоција.