Од:

Иванов ја повика лидерската четворка на канонизацијата на Мајка Тереза

Шефот на државата, Ѓорѓе Иванов ги поканил четворицата лидери на најголемите партии Никола Груевски, Зоран Заев, Али Ахмети и Мендух Тачи, да присуствуваат на чинот на прогласувањето на Мајка Тереза за светица во Рим на 4.септември годинава.

Ваквиот гест на Иванов е со цел да ја помири и политички да ја обедини четворката лидери кои се потписници на Договорот од Пржино а за сега се чека само уште потврдата од Мендух Тачи за присуство.

Во делегацијата претставници на земјава, која ќе ја предводи Ѓорѓе Иванов, се и министерот за надворешни работи, Никола Попоски, и министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска, потоа делегации на Католичката црква во Македонија и на Македонската православна црква, како и градоначалникот на Град Скопје и член на фамилијата на Мајка Тереза.

На 4-ти септември, кога папата Франциско во Ватикан ќе ја прогласи Мајка Тереза за светица, во капелата на нејзината Спомен-куќа во Скопје ќе биде одржана и свечена Света евхаристија, а ќе има и повеќе миси во Католичката црква, изложби, концерти и филмови за нејзиното животно дело.