Од:

Иванов нема да се сретне со Билд

Претседателот Ѓорге Иванов нема да го прими поранешниот премиер и министер за надворешни работи на Шведска, Карл Билт кој е во посета на Македонија.

Од Кабинетот на Иванов официјално велат дека во агендата на македонскиот претседател не е предвидена таква средба.‎

„Во агендата на претседателот не е предвидена таква средба“, посочуваат од неговиот кабинет.

Билд кој на својот Твитер профил најави дека денеска доаѓа во Скопје напиша и дека не гледа знаци за крај на кризата во Македонија.

„Не и се гледа крајот на уставната криза во Скопје. Се чини дека разликите во ставовите се се подлабоки. Ситуацијата е тешка“, напиша тој на Твитер.

Билт е копретседавач на аналитичкиот институт Европски совет за надворешни работи (ЕЦФР).