Од:

Иванов од Унгарија: Можно решение се и нови избори

Претседателот Ѓорге Иванов во интервју за унгарскиот весник Маѓар Хирлап изјави дека едно од решенијата за надминување на кризата се и нови предвремени парламентарни избори.

Според него, на овие избори “граѓаните ќе се изјаснат и за темите кои се наметнаа во постизборниот период“.

Инаку ова е првпат Иванов  да ја спомене оваа опција за решение на кризата, на која постојано инсистира ВМРО ДПМНЕ.

Тој повторно ја посочува Платформата на албанските партии како причина за „продлабочување на кризата“, истакнувајќи дека таа „стана услов за формирање на влада, и како Претседател не можам и нема да дозволам тргување со Уставот и државните интереси на Македонија и поигрување со чувствата на македонските граѓани“, пренесува МИА.

Во врска со недоделувањето на мандатот за нова Влада на лидерот на СДСМ Зоран Заев, Иванов вели дека проблем бил рокот во кој се поднесени потписите како доказ за мнозинство и тоа што Заев не ја отфрлил Платформата.

Иванов денеска е во работна посета на Унгарија на средби со унгарскиот претседател Јанош Адер, со премиерот Виктор Орбан и со претседателот на Парламентот Ласло Ковер, пред утрешната посета на еврокомесрот за проширување Јонахен Хан и троцата европратеници Иво Вајгел, Едуард Кукан и Кнут Флекенштајн на Скопје, на средби со сите политички актери во кризата.



Comments are closed.