Од:

Избирачки список: Рокот тече, од 40.000 во ДИК се пријавиле 756

Вкупно 756 граѓани до денес се пријавиле во Државната изборна комисија, чиишто записи во Избирачкиот список по извршените вкрстени и теренски проверки се спорни, односно има несовпаѓање на податоците во Избирачкиот список.

Од нив, 207 се пријавиле во подрачните одделенија и канцеларии и дополнителните канцеларии на ДИК, додека 549 за пријавување ја искористиле веб апликацијата на интернет страницата на ДИК.

Најмногу апликации се поднесени во Чаир, потоа Аеродром и општина Центар.

Рокот за пријавување и понатаму е во тек, а граѓаните може да се проверат себе си на списокот кој го објави ДИК притоа пополнувајќи апликација со валиден документ за регистрација во Избирачкиот список.