Од:

Избор на НОВА: Жени – борци на годината

Жени борци на годината се Уранија Пировска, директорка на Хелсиншкиот комитет за човекови права, Дороти Пачкова, претседателка на здружението за самохрани мајки „Една може“, потоа новинарката, Менче Атанасова Точи која ја посветува кариерата на женските и човекови права, активистката Мерсиха Смаиловиќ, мајка и на починатото девојче поради злоупотребите на власта, Тамара- Жаклина Димовска, како и трите обвинителки, Катица Јанева, Фатиме Фетаи и Ленче Ристоска.