Од:

(ВИДЕО) Охрид вечерва главен град за симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ

За симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ – главен град денеска е Охрид. Со почетокот на политичката кампања започна и борбата за гласот, што значи и активирање на автобуси и секојдневни екскурзии низ Македонија, каде што ќе се следи лидерот.

На паркингот пред салата Борис Трајковски, во работно време, во четири автобуси се спакуваа стотина симпатизери кои се остреа за атмосферата во Охрид, и да му порачаат на СДСМ и Зоран Заев дека не сакаат двојазичност во Македонија.

Дополнителниот заменик министер Александар Кирацовски денеска предупреди дека за партиски цели, државните институции и општини се злоупотребуваат.

До редакцијата на НОВА пристигнаа пораки за злоупотреби, дека на вработените во општина Карпош им било наложено порано да ги напуштат работните места за да заминат на митингот на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид.

Кирацовски за ова соопшти дека поднел иницијатива за вонреден инспекциски надзор над работењето во јавниот сектор.

– Го повикуваме Државниот инспекторат за труд соодветно да постапи по истата, со цел еднаш засекогаш да се стави крај на злоупотребите на вработените во јавниот сектор, кој што се користи за партиско политички интереси. Сите прекршувања на законските норми каде што со  партиско и политичко дејствување се влијае врз вработените, а со тоа се попречува правото на слободно изразување на волјата на граѓаните, ќе бидат соодветно санкционирани, вели Кирацовски во писмена реакција.