Од:

Избори во Кувајт: пратеници и за Мусламинаско братство и салафистите

Во Кувајт денеска се одржуваат предврени избори за членови на Националното собрание, на кои за 30-те пратенички мандати се борат вкупно 293 кандидати.

Кувајт, која е прва арапска монархија од реонот на Перисикиот Залив што воведе парламентране систем уште во 1962 гоидна, има 4,4 милиони жители од кои околу 70 проценти се странци. Од вкупно 1,23 милиони кувајтски државјани, право на глас на денешните избори имаат околу 483.000 лица.

За обебзедување на гласачките места, кои се неоѓаат на сто локации, во најголемиот број во училипшта, се ангажирани над 11.500 припадници на безбедносните сили.

Покрај кандидатите на власта, места во новото Национално собраните се очекува да освојат и претставници на опозициските Исламско уставно движење, кое е политичко крило на исламистичката организација Муслиманско братство и Исламската алијанса на салафистите.

Предвремените избори во Кувајт се одржуваат откако емирот Сабах Четврти Ахмед на 16 октомври го распушти Парламентот избран во 2013 година, поради спорот меѓу пратениците и Владата околу економските мерки на штедење, кои вклучуваа и укинување на субвенциите за горивата, што резултираше со раст на цените на нафтата и бензините