Од:

Изборите завршија, кој ќе формира нова влада

 Најдоцна до 26 февруари според експертите треба да се формира новата влада.

Конститутивната седница треба да се одржи најдоцна 20 дена од одржувањето на изборите, а потоа претседателот Ѓорге Иванов треба на победникот да му го додели мандатот за формирање на влада.

Кој ќе биде манадатор се уште не знае.

Иако коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ освои повеќе пратенички мандати 51 наспроти 49 за СДСМ, и опозицијата најавува дека ќе формира Влада.