Од:

Избрканите синдикалци протестираат пред ССМ

Околу стотина членови на четирите избркани синдикати од страна на Живко Митревски, утринава се на протест пред Сојузот на синдикати на Македонија, бидејќи не им е дозволено да влезат во просториите на синдикатот.

Тие му порачуваат на Митровски дека не е синдикален лидер и треба да ја напушти зградата бидејќи според нив тој бил разрешен и не e  прв човек на сојузот на синдикати.

Околу триесетина припадници на единиците за спречување на нарушување на јавниот ред и мир денеска претпладне влегоа во просториите на ССМ  во пресрет на закажаниот протестен собир на дел од синдикалците кои протестираат поради, како што велат, нелегалното окупирање на Сојузот од страна на разрешениот претседател Живко Митревски.

– Полицијата дојде во голем број и синдикатот е максимално обезбеден да се спречи нашето влегување таму иако ние имаме право да бидеме во Синдикатот. Ја прашавме полицијата зошто не не пуштаат внатре и ни рекоа дека имаат таква наредба, побаравме да ја видиме наредбата, но не ни ја покажаа, вели за НОВА Пеце Груевски од Синдикатот на УПОЗ.

Состојбите во Сојузот на синдикати на Македонија почнаа да ескалираат откако претседателот Живко Митревски беше разрешен од должноста со гласање на претставниците на гранковите синдикати-членки на Сојузот. Потоа Централниот регистер одбиваше да го впише новото раководство на чело со в.д. претседателот Дарко Димовски и покрај решението кое во тоа време го издаде Министерството за труд и социјала под раководоство на Фросина Ременски. Но во четвртокот новиот министер од ДУИ го поништи решението, а ноќта кон Бадник во пет наутро обезбедување најмено од Митревски влезе насилно во просториите на синдикатот и ги избрка синдикалците кои со денови седеа во холот во зградата, а тројца заедно со Димовски завршија во болница.