Од:

Изгореа бараки на Институтот за политички науки и Заводот за урбанизам

Во голем пожар претпладнево изгореа бараките во кои се сместени  Заводот за урбанизам и архитектура и Институтот за социолошко и политичко правни истражувања и уште неколку празни објекти во нивна близина. Бараките se наоѓаат во непосредна близина на средното скопско училиште ГУЦ „Здравко Цветковски„, спроти бензинската на „Макпетрол“ на булевар „Партизанска“ во Карпош.

18052271 1807478316235724 1448347808 o 18042750 1807478359569053 1596269710 o 18052168 1807478319569057 1763663455 o 18015495 10213073836185051 1429518819 o 18053015 10213073833344980 2120886877 o 18043061 10213073848505359 2077115812 o 18083475 10213073833624987 320383995 o 18042880 10213073836905069 71190303 o 18053148 10213073833824992 62496646 o 18083897 10213073837705089 318176013 o 18083487 10213073836265053 1966211049 o 18090578 10213073929387381 1850056118 o

Нема загинати, ниту повредени во огнената стихија. А, причините за пожарот допрва ќе се утврдуваат. На местото на пожарот имаше десетина пожарникарски возила со 40 пожарникари, а сообраќајот е блокиран. Пожарникарите се бореа со пожарот, кој поради ветрот тешко можат да го стават под контрола. Дополнителна опасност е што во близина на огнот има довод за гас, поради што гаснењето е значително отежнато.

Во соопштението од општина Карпош се изразува жалење за пожарот во кој како што се наведува, изгоре поранешниот Градски завод за урбанизам кој е во стечај.

-Со ова заминува дел од историјата на Град Скопје, макети од значајни објекти, проекти и урбанистички планови, се вели во соопштението.

За општинските власти е „симптоматично е што пожарот многу брзо се ширеше“ и затоа Општина Карпош бара од Министерството за внатрешни работи – Службата за противпожарна заштита да направи темелна истрага за причините за пожарот.