Од:

Измени во фудбалскиот „устав“: Албанскиот јазик прифатен во ФФМ

Фото: ffm.mk

Редовното генерално изборно Собрание на Фудбалската федерација на Македонија изгласа нов, трет, мандат за претседателот Илчо Ѓорѓиоски. Старо-новиот претседател притоа доби едногласна доверба. По реизборот се мина и на формирање на нов управен одбор со 14 члена, а едногласно беа усвоени и неколку точки на дневниот ред.

Делегатите едногласно го усвоија финансискиот извештај за 2016 година, го прифатија и ревизорскиот извештај за минатата година, ги подигнаа зелените картончиња со „ЗА“ за предлог буџетот за 2017 година, а идентичен исход имаше и при неколкуте предлози и дополнувања на Статутот на федерација.

Меѓу нив и за албанскиот јазик, кој покрај македонскиот како прв, ќе стои во Статутот како официјален за комуникација во рамки на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) во согласност со Уставот и законите на Република Македонија.