Од:

Јанева побара куќен притвор за Верушевски и Лазаревски

Специјалното јавно обвинителство го уважило барањето на одбраната на Зоран Верушевски и Ѓорѓи Лазаревски – осомничени во случајот „Пуч“ за тоа тие да бидат пуштени во куќен притвор.

Ова за НОВА го потврдија од специјалното обвинителство кои дополнија дека побарале и дополнителни мерки на претпазливост како забрана за напуштање на живеалиштето или престојувалиштето и одземање на патната исправа.

Поранешниот контраразузнавач Зоран Верушевски и Ѓорѓи Лазаревски- порaнешен вработен во тајната полиција се товарат за неовластено прислушување и тонско снимање и шпионажа.

Притворот за овој случај завршува утре, но се уште не е сигурно дали судот ќе го ослободи Верушевски, бидејќи тој е осуден на 3 години затвор за нелегално поседување на службен пиштол, кој го добил додека бил прв човек на тајната полиција.



Comments are closed.