Од:

Јанева за НОВА:Прераспределбите во Кривичен со цел да се опструира СЈО

Катица Јанева и Фатиме Фетаи се првите обвинителки во историјата на македонското судство, кои добија казни од Кривичниот суд со образложение дека не го почитуваат Судот. Казните беа изречени од претседателката на Судот, Татјана Михалјова, која го води предметот со насилните протести во општина Центар, во кој првообвинет е екс премиерот, Никола Груевски.

Специјалната обвинителка, во подкастот со Борјан Јовановски, одговара на прашањата каков тек очекува за судењето на Груевски и каков е ставот на СЈО за новиот распоред на судии во Кривичниот суд, со кој дел од судиите се прераспоредени во одделот за прекршоци.

„Судот на чело со В.Д. претседателката, Татјана Михајлова, се трудат да го адаптираат распоредот на судиите во Кривичниот суд, за да ја опструираат работата на СЈО. Тоа го кажавте и во однос на барањата за претрес на одредени осомничени лица кои ни беа одбиени. На дежурниот судија му беа одземени предметите и им беа доделени на други судии да одлучуваат по нашите барања. Нашата перцепција е дека раководството на Судот сака нашата работа да ја опструира“, вели специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева.