Од:

ЈАВНО: Како ги трошат вашите пари-тајни вечери и државни скапи ручеци

Како се трошат вашите пари е темата на третата епизода на истражувачкиот ТВ магазин на НОВАТВ, ЈАВНО.  Третата епизода нуди и нов, модерен и свеж концепт на презентација на фактите. За таа цел, НОВАТВ создаде мало „злосторничко здружување“ од истражувачки новинари, блогери и уметници со цел најдобро и на наједноставно да ви ги прикаже тешките теми од сферата на борбата со корупција и владеењето на правото.

Во ова издание на ЈАВНО тема е правото на слободен пристап до информации од јавен карактер. Прашавме во неколку владата и неколку министерства да ни достават извештаи од службените картици на функционерите, патни налози, фактури од хотели и авиони, фискални сметки од ручеци и вечери. За владата ручеците и хотели на Груесвки се државна тајна. Некои министерства не одгорвија воопшто, а Министерствоот за образование за прв пат ја отвори архивата за НОВА. Погледнете ја емисијата.

А во духот на транспарентноста НОВАТВ со граѓаните ги споделува документите добиени од МОН за трошоците на екс-министерот Абдулаќин Адеми и заменикот Спиро Ристоски. На долните линкови погледнете ги документите.

Докуметни прв дел

Документи втор дел

Документи трет дел

Документи четврт дел

Документии петти дел

Документи шести дел

Документи седми дел

Документи осми дел