Од:

ЈСП пак ќе прави измени со билетите од следниот месец

ЈСП и приватните автобуски превозници одлучиле да ја сопрат продажбата на електронски картички, пренесоа дел од медиумите.

Од први февруари ќе има само билети за две возење со цел граѓаните да ги користат и понатаму и да не чекаат да платат во автобус или да купат нова картичка.

Според нив, оваа измена се прави наводно заради тоа што голем дел од патниците ги фрлале електронските картички по нивната употреба.

Патниците според најавите сега ќе може да користат различни комбинации на билети за неперсонализираните електронски картички, од ставање на одредена сума која се троши како кредит со секое возење, дневни или часовни билети за повеќе правци, комбинирани билети за ЈСП и жичницата на Водно, до билети со 10 возења за градски линии кои чинат 250 денари.

НОВА во петокот објави истражување за проблемите со електронските картички во градските автобуси, како и потрагата по фирмата која го добила тендерот за нивна изработка.