Од:

Јункер беше вчера во Солун за да му соопшти добра вест на Ципрас

Грчкиот премиер Алексис Ципрас не отиде во Солун само на средба со бугарскиот колега Бојко Борисов и српскиот претседател Александар Вучиќ. Имаше и друга работа.

Всушност првиот повод за одењето на Ципрас во Солун беше посетата на претседателот на Европската комисија (ЕК) Жан-Клод Јункер.

Првиот човек на Комисијата беше поканет солунскиот Правен факултет кој вчера му ја додели титулата “доктор хонорис кауза”.

И тоа не е се. Јункер дојде во Грција да му соопшти на Ципрас убава вест.

Имено завчера ЕК одлучи да ја прекине процедурата за големиот грчки дефицит. Со тоа Комисијата даде сигнал дека тешките години на економската криза се зад Грција и оваа земја сега може да почне да бележи економски раст.

Грчкиот дефицит ја надминува границата (фиксирана од Европската повелба) од 3 отсто од внатрешниот бруто производ. Европа ја отвори процедурата за големиот дефицит во 2009 година кога тој дефицит изнесуваше огромни 15,1 отсто од бруто производот.

Реформите кои неминовно и беа наметнати на Грција и дозволија на земјата во 2016 година да има буџетски вишок од 0.7 отсто и, како што вели ЕК – “ќе остане под прагот на 3 отсто во текот на 2017 година и 2018 година”.

Така, Јункер можеше да му каже на Ципрас дека “отсега земјата оди добро” и истовремено им оддаде почит на најсиромашните жители на Грција “кои направија огромни напори”.

За Ципрас оваа препорака на ЕК е “значаен сигнал” за грчката економија.

“Ја сакам Грција и среќен сум што сум тука”, рече тој. И го повика Ципрас да ги продолжи реформите на кои инсистираат ЕУ и Меѓународниот монетарен фонд.

“Довербата, стабилноста и развојот се вратија. Развојот е предвиден да достигне 2,1 отсто во 2017 година и 2,5 отсто во 2018 година… доколку продолжите со реформи драги Алексис”, му се обрати Јункер на Ципрас.

И покрај присуството во Солун, Јункер не присуствуваше на трилатералната средба на Ципрас, Борисов и Вучиќ.