Од:

Јункер: Турција може да се збогува со ЕУ ако ја врати смртната казна

Ако евентуално Реџеп Таип Ердоган ја врати смртната казна, може да заборави на ЕУ, порачува претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер.

Ердоган вчера на собир пред своите поддржувачи рече дека очекува по референдумот на 16 април, Парламентот да потврди и врќање на смртната казна која тој без двоумење ќе ја потпише.

„Ако смртната пресуда биде воведена повторно во Турција, тоа ќе доведе до крајот на преговорите на земјата“, изјави Јункер во интервју за неделното издание на германскиот весник Билд.

Во саботата претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган рече дека очекува Парламентот да ја одобри обновата на смртната пресуда по референдумот за проширување на неговите овластувања.

„Верувам дека Парламентот ќе го направи неопходното по нашите барањата за смртната пресуда по 16 април“, рече Ердоган.

Во исто време Јункер вели дека е против прекинувањето на преговорите за влегувањето на Турција, иако тие се одолговлекуваат со години.