Од:

Како да се справите со стрес и да го спречите синдромот на прегорувањe

Претприемачката Викторија Волфорд го надмина синдромот на пост-трауматско нарушување и сега им помага на други професионалци да го избегнат синдромот на прегорување. Своите совети за намалување на стресот ги споделува и со нас.

Поради велосипедска несреќа пред 11 години преживеав пост-трауматски стрес. Потоа доживував реминисценции за несреќата, сеќавања кои ми се навраќаа во делови од секунда додека бев дома или на работа. Со помош на психилошка терапија научив како да се справувам со својата состојба, се насочив кон работата и отворив своја сопствена пекара.
Справувањето со стрес можеме да го започнеме со разбирање на самата ситуацијата, која што претставува емоцинален поттикнувач. Емоционалните поттикнувачи, или како што модерно ги нарекуват тригери, не’ напаѓаат сите. Вашиот, на пример може да биде обичен коментар насочен кон Вас или ситуација во која се наоѓате, кои не би вознемириле друга личност, но сепак Вам Ви го нарушуваат целиот ден.
Тригерите потекнуваат од минати искуства, особено од детството и можат да поттикнат заборавена траума или чувства на тага, анкциозност или паника. Набљудувајќи го нашето однесување во таква стресна ситуација, обично ја откриваме својата повратна реакција, и кога еднаш ќе го знаеме ова, ќе можеме свесно да одбереме да реагираме на различен начин.

Колку што е поголем стресот, толку е поверојатно дека нашата реакција ќе биде негативна како што дотогаш сме реагирале на такви ситуации. Доколку останеме мирни, можеме да го смениме нашето однесување кон подобро, со тоа што ќе си дозволиме себеси да одбереме како сакаме да се справиме со ситуацијата.


Забележете ги знаците на стрес со време

Кога сме под стрес не обрнуваме внимание на нашите емоции само за да го избегнеме чувството на неудобност. Но ова е токму моментот кога треба да се слушаме себеси и да разбереме што е причината за нашиот стрес. Емоциите се тука да не’ водат, и доколку научиме повеќе да ги слушаме нашите инстинкти и итуиција, тоа ќе доведе и до носење на подобри одлуки.

Стресот може да се изрази преку несоница, главоболки, страв, изливи на лутина или чувство на преплавеност. Постојан стрес води до анксиозност, депресија и несакани навики како премногу пиење и прејадување.


Престанете да размислувате и делувајте

Ако се чувствувате преплавени од тоа што имате толку многу работа што не знаете од каде да почнете, или пак се наоѓате во ситуација кога ги избегнувате обврските, тогаш престанете да размислувате и само почнете со работа. Составете листа на обврски, поставете приоритети и само започнете. Мал чекор по чекор. Штом исполните една од задачите, пречкртајте ја како завршена, наградете се себеси и започнете ја следната. Ако мислите дека избегнувате некоја поголема задача, растурете ја на помали делови и посавете приоритети.


Сменете го кафето со чај

Обидете се да работите тип на работа која ќе одговара на тоа како се чувствувате во даден момент. Ако се разбудите чувствувајќи се навистина уморно, реорганизирајте ги Вашите задачи со тоа што ќе го започнете денот работејќи нешто што не бара голем труд. Доколку имате премногу работа, а сте љубител на кафе, обидете се да го смените со чај. Чајот го намалува нивото на кортизол-хормонот за стрес во Вашето тело.


Вежбајте

Телото е создадено да се движи. Внесете движења во Вашиот ден. Доколку сте заглавени на Вашето работно биро неколку саати, станете, прошетајте низ просторијата и размрдајте ги Вашите раменици. Бидете во движење или вежбајте. Доколку не сакате фитнес, пешачете или трчајте.


Излезете во природа

Времето поминато во близина на дрва и воопшто во природа има позитивно влијание врз нашата ментална благосостојба. Обидете се да пешачите до Вашето работно место поминувајќи низ парк доколку е тоа возможно и внесете повеќе „зелено“ време. Поминувајте време на места каде што има многу растенија или донесете си растенија во саксии во просторот каде што живеете и работите.


Концентрирајте се на Вашето дишење

Еден од најдобрите моментални смирувачи на стрес е свесното дишење. Доколку чувствувате дека сте под стрес, коцентрирајте се на Вашето дишење и правете го ова неколку пати во денот за да Ви помогне да останете смирени. Дишете стомачно, чувствуајќи го стомакот како се шири и собира додека броите до седум. Броите ги секундите на вдишување и издишување додека да изброите до седум. Доколку некоја личност или ситуација Ве вознемирува, започнете свесно да дишете се додека лошите чувства не поминат. Подолгото дишење на овој начин е исто така добро за обновување на енергија во телото во текот на ден преполн со обврски.


Мислете на својата крајна цел

Нека Вашата крајна цел Ви биде постојано во мислите, без ралика дали е тоа остварување на зададена работна обврска или подобрување на Вашата љубовна врска. Пишување за тоа  или размислување на темата и што тоа за Вас значи, може многу да Ви помогне.

Исто така морате да запомнете да бидете добри кон себе. Да се постигнат промени во однесувањето мора да се активираат патиштата на допамин во мозокот. Најдете време да се опуштите и тогаш кога мислите дека немате слободно време. Препознајте и наградете ги своите напори.

Викторија Волфорд е основач на пекарата Викотријас Бејкинг и на MySuperSoul, програма дизајнирана да им помогне на професионалците да се справат со стрес.

 

Извор: The Guardian