Од:

Како да се спречи нова партиска чистка

Пишува за Республика: Гоце Трпковски

Малку внимание се обрнува на тоа дека партиската чистка не подразбира само отпуштање од работа. Една од најголемите чистки се случува во т.н. трет ешалон на власта. Именуваните функционери, директори, раководители, и други позиции, редовно се предмет на распределба меѓу коалициските партнери, и на централно и на локално ниво.

Една од клучните пораки на новата Влада, испратена уште од собраниската седница при  нејзиниот избор, беше дека нема да има партиски чистки во администрацијата. Тоа и се очекуваше. СДСМ уште во предизборната кампања порачуваше дека никој од администрацијата нема да биде избркан од работа поради партиската припадност или политичката ориентација, во обид да охрабри што повеќе гласачи вработени во гломазниот државен апарат да му дадат поддршка на неговите кандидатски листи.

СДСМ воопшто не ја измисли потребата од едно такво охрабрување. Притисокот врз јавната администрација како метод со кој власта влијаела врз изборните резултати беше регистриран во извештаите на ОБСЕ/ОДИХРЕвропската унијаСтејт департментот на САД и други. Редовна појава беа вработувањата поради гласови, унапредувањата по партиски клуч, и притисокот врз „обичните“ вработени во администрацијата да ја поддржат владејачката партија (или барем да не ја поддржат опозицијата). .

Политичката дискриминација во Македонија е забранета со закон, но тоа не ги охрабруваше вработените во јавниот сектор отворено да изразуваат несогласување со политиките што се спроведуваат. Поединците што го правеа тоа се искористувани како пример дека послушноста и покорноста се секогаш подобар избор. Освен тоа, пораките дека неистомислениците и политичките противници треба да се „сотрат“, само ја гарантираа кроткоста на вработените кај убедливо најголемиот работодавач – државата (сфатена широко како централната власт, локалната власт и сите институции, претпријатија и други органи формирани од нив).

„Мека“ чистка

Денес во Република Македонија по четврти пат имаме промена на носителите на централната власт. Промена која доаѓа по тригодишна политичка криза, која, пак, беше кулминација на едно подолго време на поделби по различни основи, пред се политички. Во земја што е една од најсиромашните во Европа релативно лесно е да се поттикнат такви поделби. Население притиснато од егзистенцијални грижи тешко може да носи принципиелни политички одлуки. Дополнително на тоа, кога државната работа се смета за привилегија, очекувано е дека вработените во државниот сектор ќе бидат многу внимателни  да ги зачуваат и  да ги бранат своите работни места.

Токму затоа, гаранциите за „сигурноста“ на работните места од овој аспект беа неопходни за враќање на демократијата, особено на нејзиниот клучен елемент – правото на слободна волја, слободно изразување и слободно гласање на избори. По долги години демократско назадување потврдено со повеќе меѓународни печати, ова право им е загрозено на 127 илјади граѓани со право на глас, или на многу повеќе од тоа, ако се пресметаат и членовите на нивните семејства, како и потпишаните на фамозните „списоци за гласање“. Се разбира, ова ветување не може да се земе здраво за готово. Воспоставувањето на правната држава несомнено ќе мора да вклучи реформа на јавниот сектор со која секое работно место ќе биде оправдано и заслужено. Но, гаранцијата за работните места од партиска чистка е неопходна за враќањето на демократијата.

Од друга страна, малку внимание се обрнува на тоа дека партиската чистка не подразбира само отпуштање од работа. Тоа прашање и онака не е оставено на волјата на властодршците, кои и да се. Стапувањето на работа и престанокот на работниот однос во јавниот сектор е регулирано со Законотза јавни службеници и со други законски одредби. Една од најголемите чистки се случува во т.н. трет ешалон на власта. Именуваните функционери, директори, раководители, и други позиции, редовно се предмет на распределба меѓу коалициските партнери, и на централно и на локално ниво. Токму тие се луѓето што директно раководат со нашите институции. Од нивните способности и залагања најмногу зависи квалитетот на услугите што ги добиваат граѓаните. А тешко може да се очекува голема способност и залагање од партиски назначени кадри, кои немале никакво искуство не само со институциите што им се дадени да ги водат, туку ни со областите што ги покриваат.

На пример, главна улога во справувањето со катастрофалната поплава во Скопје во 2016 година имаа тројца дипломирани правници на чело на Управата за хидрометеоролошки работи, Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување. Исто така, се случувало ист човек да биде директор на претпријатија што немаат никаква меѓусебна допирна точка, како „Македонски шуми“, ЈП за стопанисување со станбен и деловен простор, и Државната лотарија. Или од пратеницида станат директори. За жал, овие истакнати примери создаваат погрешен впечаток дека буквално секое функционерско именување се прави според партискиот критериум и според ниту еден друг. Но не е сосема така. Дури и во крајно партизираниот македонски јавен сектор, има луѓе што раководат со институции за кои  се стручни и од кои биле дел и претходно, пред да бидат назначени на сегашните функции. Со образовните установи раководат луѓе од образованието, со социјалните установи раководат социјални работници итн. Некои од нив, ако се суди според реакциите на граѓаните што ги користат нивните услуги, работат и успешно. Дел од нив се членови на партиите што ја сочинуваа досегашната владина коалиција, вклучувајќи ја и најголемата, ВМРО-ДПМНЕ.

Три услови