Од:

Камион влетал во толпа луѓе пред џамија во Лондон

REUTERS

Едно лице е убиено, а осум се повредени, откако комбе влетало во толпа луѓе , по полноќната молитва, во близина на џамија во Лондон.

Како што пренесе „Би Би Си“, полицијата дваесет минути по полноќ објавила дека се случил „голем инцидент“ во близина на џамијата Финсбери парк.

Според очевидци возачот на белото комбе намерно влетал во толпата луѓе кои излегувале надвор по рамазанската молитва.

Полицијата соопшти дека бил уапсен 48-годишен маж, кој го управувал комбето, но и дека нема други осомничени за нападот.

Премиерката Тереза Меј, по нападот рекла дека овој настан ќе се третира како „потенцијален чин на тероризам“. Меј најавила дека утрово ќе одржи итен состанок со единиците „Кобра“.

Градоначалникот на Лондон, Садик Кан, истакнал дека се работи за „ужасен терористички чин“.