Од:

Канабисот ги подобрува умствените процеси

Новата студија на Харвард потврдува дека канабисот ги подобрува умствените процеси

Во последните неколку декади научниците се обидуваат да откријат дали канабисот му штети на мозокот на подолги патеки. Повеќето од истражувањата до сега беа фокусирани на употребата на канабис кај адолесцентите и коефинциентот на интелигенција кај возрасните. Сепак, беше многу тешко да се идентификуваат и други важни фактори. Неодамна во списанието Frontiers in Pharmacology беше објавена мала студија спроведена од страна на Универзитетите Харвард и Тафтс и болницата МекЛин која открива дека канабисот всушност ја подобрува когницијата односно умствените процеси.

Пилот студијата вклучила 24 учесници кои биле проучувани во временски период од 3 месеци. За жал само 11 од нив се пријавиле на крајот од предвиденото време за тестирање. Сите учесници биле пациенти кои имале дозвола да користат канабис поради состојби како анксиозност, хронична болка, депресија или несоница. Пациентите имале 2 или повеќе помали нарушувања.

После 3-месечна терапија со канабис, пациентите полагале два различни когитивни тестови. Првиот тест (Stroop Color Word Test) се состоел од детектирање на потребното време кое му било потребно на пациентот да ја каже точната боја на испечатен збор, која не се совпаѓа со бојата од зборот кој го читаат. На пример, црвена.

Вториот тест се однесувал на визуелното внимание и промена на задачите познат како Trail making test. При овој  тест било побарано од учесниците да поврзуваат нумерирани точки.

Резултатите од тримесечните испитувања потоа биле споредувани со претходни резултати. По терапијата со тревки, студијата открила дека пациентите побргу ги извршувале зададените задачи. Истотака престанале да ги прават грешките кои ги правеле претходно.

Дополнително, пациентите самите пријавиле подобрувања кај многу симптоми, вклучувајќи и симптоми поврзани со одредени состојби, спиење и со севкупното здравје.

Пациентите бираат канабис наместо опиоди

Во извештајот издаден од болницата МекЛин, Стејси Грубер, доктор на науки и директорка на Истражувања за марихуана за невронаучни откритија ( Marijuana Investigations for Neuroscientific Discovery) објаснува дека 42% од пациентите бираат да користат канабис наместо опиодни апчиња против болки. Грубер е полна со ентузијазам во врска со ваквата бројка и продолжува:

„Ова е многу значајно, особено за оние од нас кои се од  Масачусетс и други области од државата каде постои опиодна епидемија. Ваквите прелиминарни наоди секако наложуваат подлабоки и пошироки истражувања“.

Сличини резултати беа прикажани и во други студии, како онаа со 271 учесник објавена во февруари 2017. Според неа. 30% од учесниците преферираат канабис наместо опиоиди. Многу истражувања потврдуваат дека пациентите гледаат на канабисот како подобра алтернатива отколку апчиња против болки.

Сепак, Грубер сака да игра на сигурна карта додека понатамошните истражуваа не се реализираат. Таа вели,

„Како клинички истражувач не сум заинтересирана во истражување само на доброто или лошото, ме интересира само вистината. Тоа е она што нашите пациенти и рекреативните корисници имаат право да го знаат и го очекуваат од нас. Луѓето ќе го користат канабисот. Од нас зависи да го откриеме најдобриот и најсигурниот начин да го прават тоа“.

 
Сепак, оваа пилот студија ветува многу. Неодамна бил спроведен еден експеримент кај глодарите, во кој се открило дека дневна доза на те-ха-це (THC) ја подобрува когнитивната способност и го намалува стареењето на мозокот.

Постарите глодари биле третирани со состојки од канабис во текот на еден месец и потоа покажувале повисоко ниво на просторно учење и сеќавање на работи кои ги учеле претходно.

За разлика од нив, помладите глодари при користење на те-ха-це покажале слаби резултати на тестовите, но преку сензорите драстично ја подобриле когнитивната способност. После  третманите постарите глувци покажале слични ментални способности со нетретираните млади глувци.