Од:

Карл Билт во неофицијална посета на Скопје?

Поранешниот премиер и министер за надворешни работи на Шведска, Карл Билт, на својот Твитер профил објави дека патува во Скопје, иако официјална информација за негова посета на Македонија, како и средби со официјални лица нема.

Изминативе години за време на политичката криза во Македонија како и генерално на Балканот, Билт никогаш не штедел зборови во своите изјави кога повикувал на раум или загриженост со ситуацијата.

Неодамна напомена дека војни како оние пред 27 години на Балканот не смеат да се повторат, имајќи на ум дека е загрижен што регионот „полека, но сигуно станува запаллив“, а  „искрата би можела да се појави во Скопје“.

Тој смета дека европските лидери имаат јасен избор на Балканот: Или ќе се занимаваат со тамошните проблеми или ќе чекаат балканските проблеми да почнат да се занимаваат со нив.

Затоа Билт предложи во авторски текст, да се забрза процесот на проширување кон новите членки, па програмата за „источно партнерство“ на ЕУ  да се замени со „балканско партнерство“ кое на крајот ќе доведе до пристапување на овие држави во Унијата.