Од:

Ќе ја добие ли Дојранското езеро заслужената еколошка заштита

Дојранското Езеро некогаш важеше за избалансирано високо продуктивно езеро, со богата флора и фауна и најбогато со риба во Југоисточна Европа.  Денес веќе се шпекулира со бенефитите кои може да ги понуди. Во овие неколку години, а особено во последните три, езерото си го врати својот некогашен сјај, дури и повеќе од тоа, изобилувајќи со вода која жителите велат одамна ја немало во толкава количина. Но, од друга страна, квалитетот на езерската вода е под знак прашалник, а брзата и навремена еколошка заштита, како и во многу други случаи во Македонија, и овде заостанува, што од бирократски, што од економски, и можеби повеќе профитерски причини.

И додека експертите апелиртаат дека е неопходен е квалитетен стручен мониторинг на езерото за полека да почне да се подобрува состојбата, надлежните чекаат одговор за одобрување на меѓуграничен проект со општина Кукуш, кој меѓу другото ќе предвиди изградба на ваков мониторинг центар, како и набавка на една машина за чистење на езерското дно и на крајбрежјето.

Жителите, пак оптимистички велат дека и покрај се и натаму се чувствуваат бенефитите од езерото, како што се неговите лековити алги.

Екологистите се едногласни – потребна е побрза реакција од надлежните институции за езерото, и пред се добар систем за набљудување кој ќе ги следи сите состојби и промени со неговиот еколошки статус.

Целата сторија на Канал 77 можете да ја прочитате на следниот линк.